Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Штрајковите се значаен дел од културата на работниот век во Европа, и најчесто работниците го изразуваат својот револт за повисоки плати и подобри работни услови, додека политичките и идеолошките демоснтрации се поретки. Турција бележи остар пад на губење работни денови поради штрајкови, додека во Данска културата на штрајкување е и натаму силна. Во четвртокот во Франција се одржа масовен национален штрајк како реакција на плановите на владата на претседателот Емануел Макрон да го реформира пензискиот систем и да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Штрајковите можно е да продолжат и по 19 јануари, бидејќи најголемиот француски синдикат го опиша „четвртокот“…
„Една од иницијартивите на Отворен Балкан е „пакување“ на регионот како регион кој е атрактивен за туризам, за кастрономија, регион со убава храна и атрактивен по добро вино“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во „Утрински печат“. Тој исто така кажа дека има поддршка од САД да се „пакува“ регионот како единствен пазар со цел да се привлечат поголем број на странски инвестиции. „Мојата проценка за приклучување на нови држави кон Отворен Балкан ќе расте како што растат резултатите од проектите. Бидејќи кога ќе паднат работните дозволи, тоа ќе создаде економска дејност, забрзување на економската…
Со филмот „Аватар: Патот на водата“ синоќа во преполната сала „Бели Мугри“ во Велес почна со работа киното „Kиноверзум 3Д“ од Свети Николе. Филмот репризно ќе биде прикажан и вечер, во 21 часот, и в сабота и недела од 18 часот. Вечерва за најмладата публика од 17 часот ќе биде прикажан детскиот филм „Неверојатниот Морис“. „Киноверзум ЗД“ Велес на својата страница го има објавено и репортоарот за една недела. Поранешното Градско кино „11 Октомври“ во Велес беше затворено во август 2005 година и сега по 17,5 години велешани повторно добија кино. Секој четврток ќе имаат премиера со најновите светски филмски хитови. Новото Градско кино…
Претставници на Европската унија вчера и се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции затоа што дозволува ширење на штетна содржина. Европската комисија го предупреди извршниот директор на ТикТок, ,Шо Зи Че, дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции. „Неприфатливо е зад навидум забавните и безопасни можности, корисниците за само неколку секунди да можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина“, изјави еврокомесарот Тиери Бретон по разговорот со Че. Тој додаде дека е загрижен и поради тврдењата дека се шпионираат новинари и…
Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, најверојатно ќе биде кандидат на коалицијата за претседател на Црна Гора на изборите закажани за 19 март, пишува подгоричкиот портал „Дан“. Претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ, гостувајќи на РТЦГ синоќа изјави дека ДФ веќе го избрала својот кандидат, не сакајќи да го соопшти името, а на порталот „Дан“ од овој сојуз му потврдиле дека најверојатно кандидатот ќе биде Андрија Мандиќ. Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на 19 март, а рокот за поднесување на кандидатурите е до 26 февруари на полноќ.
Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда. „Овој случај никогаш не требаше да биде покренат. Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на неговите правни барања. Ниту еден разумен адвокат не би го водел. Согласно политичката целисходност, ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше…
Проектот, поддржан со буџетски средства, преку кој што се овозможува трајно заштитување и дигитализација на околу 5 милиони записи со стари македонски зборови, дијалекти и записи, кои се дел од нашето духовно богатство е завршен. На денешниот настан по повод завршување на проектот за дигитализација на картотеки на зборови на македонски јазик, присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Грујоска Јованова. Овие записи со изворни македонски зборови и изрази на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ датираат од периодот на 14…
Kлиматската активистка Грета Тунберг е ослободена, откако заедно со други активисти беше приведена за време на протестот против уривањето на село во Германија поради проширување на рудник за јаглен, соопшти полицијата. По ослободувањето, таа реагираше преку објава на Твитер. „Вчера бев дел од група која мирно протестираше против проширувањето на рудниците за јаглен во Германија. Полицијата не собори на земја, а потоа не приведе, но нè ослободи подоцна истата вечер“, напиша Грета Тунберг на својот Твитер профил. „Заштитата на климата не е кривично дело“, додаде таа. Грета беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени вчера за време на протестот против…
Тоа долно, примитивно и автократно однесување кое досега го гледаме од пресметаните потези на унгарската конзулка Арсовска, потсетува на хибридна комбинација од политиките на режимскиот простаклук, и сплеткарење на жена на сред селска чешма со рацете потперни на колкови. Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА Не помина ниту еден месец од скандалите со сообраќајот во Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска посегна и по срцето на градската култура, Младинскиот културен центар. Нејзините кавги кои почнаа со Христијан Мицковски, и заканувачките шерифски погледи од Собраниската маса, продолжија со условување на приватните превозници што го затнаа градот и предизвикаа неколкудневен хаос во метрополата. Сега, нејзиното самоволие…
Европската комисија има зелен индустриски план што ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во својот говор на Светскиот економски форум во Давос. Имаме план, Зелениот индустриски план, кој ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации на патот кон нула емисии на јаглерод диоксид, посочи Лајен. Тој план треба да претставува дел од европскиот одговор на американската програма за субвенции и даночни олеснувања во областа на зелената технологија. Американскиот закон за намалување на инфлацијата (ИРА) предвидува пакет од 369 милијарди долари за субвенции и даночни олеснувања…
Борбата против сиромаштијата и подобрувањето на стандардот на живот, барем декларативно, е заложба на сите политички партии кои излегуваат и ја бараат довербата од граѓаните на изборите. Отворањето на повеќе работни места, повисоки плати за сите работници и помош за справување со предизвиците на глобалниот свет се само дел од активностите кои владите треба и ги преземаат за тоа. Сепак, гледајќи ги бројките, очигледно е дека различните влади постигнале различни резултати, базирано врз основа на реалната грижа за граѓаните. СИСТЕМСКО, НАСПРОТИ ПРЕДИЗБОРНО РЕШЕНИЕ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Доколку се споредува минималната плата, повеќе од очилгедно е дека социјалдемократските политики на СДСМ…
Владата денеска на седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово. Смената на Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции. „Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата“, рече Ковачевски. Покрај Спасовски, за бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците…