Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Австралискиот музичар Ник Кејв од неговите обожаватели доби стихови создадени „во стилот на Ник Кејв“ со помош на програмата за вештачка интелигенција Chat GPT, и рече дека „смрдат“. „Сфаќам дека Chat GPT е сè уште во развој , но можеби тоа е ужасот на вештачката интелигенција што се појавува – таа секогаш ќе биде во создавање и управувана напред, секогаш брзо, и никогаш нема да се врти назад и никогаш нема да се забавува, водејќи нè кон утописка иднина, а можеби и наше целосно уништување“, напиша Кејв. Судејќи според добиената песна „Nick Cave-esque“, нештата не изгледаат добро и „апокалипсата е…
Со Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) на која ќе учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави ќе започне чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов. Школата ќе се одржи виртуелно, од 23 до 28 јануари 2023 година и веќе е традиционална програмска активност на МСМЈЛК при УКИМ, која годинава ќе биде во чест на Шопов. Таа е и првата активност што се спроведува од низата опфатени и со националната…
Досегашниот министер за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија, Борис Писториус, ќе стане нов сојузен министер за одбрана, јавуваат германските медиуми. Писториус ја наследува Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка откако со месеци се соочуваше со критики во врска со испраќање оружје на украинската војска. Борис Писториус ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи и спорт на Долна Саксонија од 2013 година. Пред тоа, тој беше на позиции на локално ниво, вклучително и како градоначалник на Оснабрик, град во северозападната германска покраина Долна Саксонија.
„Целосно фронтален напад врз демократијата“ додека Лондон за првпат го отфрли шкотскиот парламент, е насловот со кој Еуроњус ја пренесува веста за вето на Законот за промена на полот што е предложен од шкотскиот парламент во декември и имаше цел да го поедностави правниот процес за промена на полот. Владата на Обединетото Кралство одлучи да го блокира шкотскиот закон за промена на полот во понеделникот, ризикувајќи ќор-сокак меѓу Лондон и преодната влада во Единбург. Законот, усвоен со голема разлика во декември со поддршка од сите пет политички партии во парламентот на Холируд, им олеснува на луѓето законски да го променат…
Речиси 12 години по смртта на Ејми Вајнхаус, почна снимањето на биографски филм за животот на британската соул-пејачка. Режисерката Сем Тејлор-Џонсон објави на Инстаграм дека снимањето на „Back to Black“, именуван по вториот албум на Ејми, почнало вчера во Лондон. Таа ја објави и првата слика од глумицата Мариса Абела преобразена во познатата пејачка, со крената коса, тетоважи и големи обетки. Филмот ги следи „живописните рани години на Ејми во Лондон и нејзиното интензивно патување до ѕвездите“, се вели во известувањето. „Првиот пат кога го видов настапот на Ејми беше на шоу за таленти во џез-клуб во Сохо и веднаш…
Првата точка од распоредот на следниот германски министер за одбрана ќе биде дали да испорача напредни борбени тенкови во Украина, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. „Кога ќе биде назначен нов министер за одбрана, тоа ќе биде првото прашање за кое треба да донесе конкретна одлука“, изјави Хабек за германското национално радио „Дојчландфунк“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт вчера поднесе оставка, во време кога владата во Берлин е под зголемен притисок да дозволи испраќање борбени тенкови во Украина. Германската влада се соочува со обновени апели да испрати тенкови…
Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел. Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во округот Туларе во близина на Висалија, околу 380 километри југоисточно од Сан Франциско. Властите, како што пренесува ДПА, соопштија дека трагаат по двајца осомничени и дека убиствата веројатно се поврзани со налогот за претрес извршен минатата недела во една од домовите што резултираше со едно…
Судскиот процес против петмина мажи обвинети за негрижа што предизвика смрт на 135 луѓе на фудбалски стадион во градот Маланга, почна денеска во индонезискиот суд. Трагедијата се случи на 1. октомври лани, на истокот на островот Јава, откако полицијата употреби солзавец кога навивачи го преплавија теренот по поразот на домашниот тим Арем од екипата Персебаја од градот Сурабаја. Во стампедото предизвикано од солзавецот, настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и повеќе од 40 деца. Истражниот тим што го формираше индонезискиот претседател Џоко Видодо, како реакција на гневот во јавноста, утврди дека полицијата немала сознание дека користењето солзавец на фудбалските стадиони е забрането, како…
Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се обиде многу брзо да именува нов министер за одбрана, изјави неговата портпаролка, откако претходно денеска актуелната министерка Кристин Ламбрехт поднесе оставка, јави германската новинска агенција ДПА. „Канцеларот ја почитува одлуката на Ламбрехт и ѝ се заблагодарува за добрата работа што ја заврши како министерка за одбрана во овие тешки и предизвикувачки времиња“, изјави портпаролката Кристијане Хофман. Портпаролката прашана дали на функцијата ќе биде назначен маж или жена, Хофман истакна дека родовата еднаквост е важна во Владата на Шолц. Висок претставник на германската опозициска Христијанско-демократска унија побара брзо именување нов министер за одбрана. Генералниот секретар…
Ситуацијата во мигрантското прашање и обидите на Грција и Бугарија за справување со мигрантските бранови, според грчката новинска агенција АНА-МПА, биле темите за кои разговарале министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев на нивната средба во Софија. Митаракис рекол дека за справувањето со „особено зголемените мигрантски бранови, потребно е да се преземат итни мерки за подобро чување на надворешните граници на ЕУ“. На средбата станало збор и за вклучувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната, за што Демерџиев изразил оптимизам дека земјата ќе го постигне тоа…
Психолошката драма „Мими“, вториот игран филм на Даријан Пејовски, ќе биде прикажана во дополнителни термини во кинотечната јануарска програма, заради голем интерес кај публиката. Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20:00 ч. „Мими“ по премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови… Станува збор за психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој…
Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Бугарската социјалистичка партија, што е последен обид да се избегнат петтите парламентарни избори во последните две години. Иако изгледите на социјалистите за формирање влада се слаби, лидерот на таа партија, Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да формира редовна влада, која е многу потребна“. Радев им го додели мандатот на социјалистите бидејќи двете најсилни опции во Парламентот не обезбедија мнозинство: коалицијата околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и реформистичката партија „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков, исто така поранешен шеф…