Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц набрзо ќе именува нов министер за одбрана

0
By Ана Василевска on January 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Олаф Шолц
Олаф Шолц
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 16, 2023 15:19

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се обиде многу брзо да именува  нов министер за одбрана, изјави неговата портпаролка, откако претходно денеска актуелната министерка Кристин Ламбрехт поднесе оставка, јави германската новинска агенција ДПА.

„Канцеларот ја почитува одлуката на Ламбрехт и ѝ се заблагодарува за добрата работа што ја заврши како министерка за одбрана во овие тешки и предизвикувачки времиња“, изјави портпаролката Кристијане Хофман.

Портпаролката прашана дали на функцијата ќе биде назначен маж или жена, Хофман истакна дека родовата еднаквост е важна во Владата на Шолц.

Висок претставник на германската опозициска Христијанско-демократска унија побара брзо именување нов министер за одбрана. Генералниот секретар на ЦДУ, Марио Чаја  изјави дека опозицијата очекува канцеларот да биде подготвен со решение за тоа прашање.

„Сега итно ни треба јасност и компетентност на Бундесверот. Важно е германската армија да знае кој ја води. Неопходно е брзо наследување поради претстојните проекти за оружје и поради можните испораки на тенкови во Украина“, посочи Чаја.

Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Шолц.

„Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани“, истакна Ламбрехт.

Ламбрехт (57) беше министерка за одбрана од назначувањето на Шолц како канцелар во декември 2021 година.

Германија Министер за одбрана Олаф Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.