Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Изминатите седум години во Белград се легализирани повеќе од 450 илјади квадратни метри станбен простор, во објекти што делумно или целосно се изградени без дозвола, покажува истражувањето на БИРН. Сателитските снимки покажуваат дека тие објекти не постоеле или не биле завршени во 2015 година, што според Законот е основен предуслов за легализација на дивоградба. БИРН откри повеќе од 300 згради на територијата на главниот град на Србија – главно станбени згради поголеми од илјада квадратни метри – целосно или делумно изградени незаконски, според сателитски снимки од 2015 година. Сепак, извесно е дека бројот такви објекти е уште поголем. Со груба…
Поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер уште во 2000 година го проценила карактерот на рускиот претседател Владимир Путин и неговото непочитување и незаинтересираност за човечките животи. Во видеото кое стана популарно на социјалните мрежи, Тачер го коментира Путин по тонењето на руската подморница „Курск“ и неговата незаинтересираност да реагира и помогне на морнарите. Додека 118 членови на екипажот на подморницата со денови се бореа за живот, рускиот претседател тогаш не сакаше да си го прекине одморот во Сочи и реакцијата на властите беше задоцнета. „Доколку таков настан се случи на Западот, вооружените сили веднаш ќе отидат таму и…
Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците. На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски…
Минатото лето беше најтопло во Европа откако се води евиденција во 1979 година, соопшти Службата за климатски промени на ЕУ Коперникус. Целата 2022 година беше втората најтопла година, после 2020 година. На многу места, топлотните бранови во комбинација со малку дожд и сува почва предизвикаа суши, што доведе до проблеми во земјоделството, речниот транспорт и енергетскиот сектор, се вели во последниот извештај на службата на ЕУ. Покрај тоа, екстремната суша го зголеми ризикот од шумски пожари, поради што се проценува дека летоска се регистрирани највисоки емисии досега од пожари во Европската унија и во Британија. Минатата година беше уште една година на климатски екстреми во Европа и на глобално ниво, изјави заменик-директорката на Коперникус, Саманта Бурџес. За…
Десетици илјади луѓе се собраа во Сао Паоло, во знак на протест против упадот на приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во Конгресот. Демонстрантите бараат негово апсење. Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен, јави „Би-Би-Си“. Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се…
Основното јавно обвинителство – Скопје покрена обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и против неговата болница, како правно лице, за кривично дело „измама“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години. Информацијата беше споделена на денешниот брифинг во Обвинителството со новинарите. ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД. Од ОЈО информираат дека по спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното…
Од 1 јануари 2023 година, Шведска го презеде претседавањето со Европската Унија од Чешка, а нејзините приоритети, како што рекоа нејзините претставници, се послободна, побезбедна и позелена Европа. Кога станува збор за земјоделството, во програмата на шведското претседателство се наведува дека работата на Европската Унија под јурисдикција на Советот за земјоделство и рибарство во 2023 година ќе биде засегната и од војната во Украина. Прашањата за производството на храна и безбедноста на храната ќе останат на врвот на агендата. Покрај тоа, шведското претседателство активно ќе ја промовира работата на ЕУ за постигнување климатска неутралност до 2050 година, заедно со зголемување на конкурентноста,…
Пишува ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ Иако се чини неразумно да се повлече паралела меѓу делото на нобеловецот Гинтер Грас „Плебејците пробуваат востание“ во кое се зборува за работничкото востание во Источен Берлин во и серијата десничарски „бунтови“ кои се случија во Скопје, Вашингтон и Бразилија (до сега), сепак постојат некои елементи кои можат да се препознаат како заеднички. На кратко за драмата „Плебејците пробуваат востание“. Дејствието се случува во јуни, 1953 година кога улиците на Источен Берлин вријат од работничкиот револт кон (ох, каква иронија) газењето на работничките права од страна на советската комунистичка власт. Плебејците (работниците) одат во берлинскиот театар со…
Кинотечната програма за крајот на јануари за филмофилите нуди два македонски играни филма од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовна соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари ќе биде прикажан филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар, еден од највлијателните светски кинематографери, кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња. Станува збор за дебитантскиот игран долгометражен филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески, со Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев во главните улоги. Филмот на Ристески имаше светска премиера на „Слемденс“ во САД, еден од највлијателните фестивали на независниот филм, а со…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. На средбата се потврди долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните. Исто така, на состанокот се разговараше и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со…
Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Измината година имаше рекордна посетеност на културните настани. Се бараше билет повеќе за концертите во Филхармонија, концертите на Биг Бендот на Здружението на џез музичари, за театарските претстави. Гужва можеше да се забележи и на филмските фестивали, изложбите а и издавачите се пофалија со зголемена продажба и љубопитство на купувачите за нови наслови. Зголемениот интерес на граѓаните да конузмираат култура во различна форма, веројатно се должи на постпандемиската година во која конечно кино салите, концертните хали можеа да се посетат без ограничувачки протоколи. Прилично набиена културна агенда имаше во периодот на летните месеци, кога се преклопија настаните.…
Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека утрешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех во годината која што е пред нас и апелираше да не се создава „некаква конспирација“ во врска со неа. Според Османи, за средбата нема однапред предвидена агенда за која што ќе се разговара и таа ќе претставува можност за комуницирање и размена на идеи, информации,…