Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на партиите на Албанците утре на средба со Рама во Тирана

0
By Ана Василевска on January 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Еди Рама
Еди Рама
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2023 13:10

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека утрешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех во годината која што е пред нас и апелираше да не се создава „некаква конспирација“ во врска со неа.

Според Османи, за средбата нема однапред предвидена агенда за која што ќе се разговара и таа ќе претставува можност за комуницирање и размена на идеи, информации, и ставови за добробит на регионот и на Северна Македонија и Албанија.

„Можам да кажам дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Република Северна Македонија, посебно тоа го докажа во текот на овие години и месеци преговори со Република Бугарија, кога буквално некогаш на сметка и на интересите на Албанија, ги кажуваше позициите и на Република Северна Македонија во тој дел. Навистина не сметам дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на овие средби“, рече Османи.

Од Алтернатива и Алијанса за Албанците за МИА потврдија дека добиле покана за средбата и дека ќе одат на неа, без да прецизираат детали, додека пак од Движењето Беса истакнаа дека одговориле позитивно на поканата, но „нема да седат на иста маса со лидерот на ДУИ Али Ахмети“.

„Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама“, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

И од Беса за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама и дека позитивно одговориле на неа. Но, според портпаролот на Беса, Фарук Авдиу, иако партијата нема дилеми во чесните намери на Рама, сепак се загрижени дека Али Ахмети би можел да ја злоупотреби средбата, бидејќи секогаш „кога тој има проблеми злоупотребува вакво нешто“.

„Ние, како Движење БЕСА немаме ниту една дилема во однос на чистата намера на премиерот на Албанија за она што се интересира за политичката ситуација во Република Северна Македонија. Нашата грижа како Движење е во врска со ДУИ и Али Ахмети, за неговите игри во врска со овие средби, бидејќи секогаш кога тој има проблеми злоупотребува вакво нешто. Затоа позитивно одговараме на поканата на премиерот, но не гледаме логика да седнеме на маса со ДУИ и Али Ахмети“, рече Авдиу.

Средба од ист ваков формат со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами, Рама организираше на 29 декември 2016 година во Тирана, од која произлезе заедничка Декларација на албанските политички партии за зачувување на интересите на Албанците. Таа предвидуваше „целосна јазична еднаквост“, вклучувајќи го статусот на албанскиот јазик во Уставот, еднаков регионален развој, меѓународни комисии за „целосно расчистување на судските монтирани случаи“, како и „сеопфатна дебата за државното знаме, химна и грбот на начин на кој што државните симболи ќа ја рефлектираат социјалната мултиетничност и еднаквост“. Лидерите потписници на Декларацијата се заложија и дека ќе ја продолжат работата за да ги остварат овие обврски.

Последната средба на партиите потписнички на заедничката Декларација се одржа во јули 2017 година. По неа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, свика уште една средба, но таа беше бојкотирана од другите лидери поради неговата јавна изјава дека „не седнува со никаквеци“. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами имаше уште еден обид да ги седне заедно лидерите на албанските партии на 7 ноември минатата година за да разговараат за измени на Амандманот 5 во Уставот со кој би се сменила формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, но неговиот обид заврши безуспешно.

Али Ахмети Еди Рама средба на лидери на албанските партии Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.