Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коперникус: Температурите во Европа пораснале повеќе од двојно од глобалниот просек во последните 30 години 

0
By Ана Василевска on January 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 10, 2023 14:43

Минатото лето беше најтопло во Европа откако се води евиденција во 1979 година, соопшти Службата за климатски промени на ЕУ Коперникус.

Целата 2022 година беше втората најтопла година, после 2020 година.

На многу места, топлотните бранови во комбинација со малку дожд и сува почва предизвикаа суши, што доведе до проблеми во земјоделството, речниот транспорт и енергетскиот сектор, се вели во последниот извештај на службата на ЕУ.

Покрај тоа, екстремната суша го зголеми ризикот од шумски пожари, поради што се проценува дека летоска се регистрирани највисоки емисии досега од пожари во Европската унија и во Британија.

Минатата година беше уште една година на климатски екстреми во Европа и на глобално ниво, изјави заменик-директорката на Коперникус, Саманта Бурџес.

За да се избегнат најлошите последици од кризата, емисиите мора итно да се намалат, а општеството мора да направи поголеми приспособувања на екстремните временски услови и настани поврзани со климата, рече Бурџес.

Службата на ЕУ проценува дека температурите во Европа пораснале повеќе од двојно од глобалниот просек во последните 30 години и оти Европа се загрева најмногу од кој било континент.

На глобално ниво, 2022 година беше петта најтопла година досега, а изминатите осум години беа најтопли досега.

Во просек, минатата година беше 0,3 степени Целзиусови потопла од референтниот период на Коперникус од 1991 до 2020 година, што претставува глобално затоплување од околу 1,2 степени во споредба со прединдустриската ера.

Меѓународната заедница има за цел да го запре глобалното затоплување на максимум 1,5 степени за да ги спречи најкатастрофалните последици од климатските промени, но моделите укажуваат на тоа дека светот ќе ја надмине таа цел во наредните години, пренесе ДПА.

глобално затоплување Европа ЕУ Коперникус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.