Author: Ана Василевска

Северна Македонија во 2023 година ја очекува постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу два проценти, иако според најавите на ММФ светот, пред се европската економија ја очекува рецесија. Сепак според Народната банка неопходни се структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, како одговорно, стратешки и одржливо делување на носителите на политиките, а гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска вели дека секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни, а 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште…

Read More

Авиокомпаниите „Етихад“ и „Емирејтс“ се на самиот врв на глобалното рангирање на најбезбедни авиокомпании во 2022 година, според анализата на агенцијата за анализи на воздушни несреќи со седиште во Хамбург (JACDEC). Водечката германска авиокомпанија „Луфтханза“ се најде на 14-то место по безбедност на глобалното рангирање на 25 најголеми компании. Меѓународниот воздушен сообраќај беше главно безбеден во 2022 година, по прекините поради пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот. Аналитичарите, сепак, предупредуваат дека нов извор на неизвесност е руската војна против Украина. Руската авиокомпанија „Аерофлот“ беше оценета значително полошо во новото рангирање – 25-то место . Според експертите, најлошата авионска несреќа…

Read More

Американска Американската полиција денеска соопшти дека е во состојба на готовност поради евентуални напади на Капитол. Соопштението е објавено во пресрет на втората годишнина од насилниот упад во американскиот Конгрес и по распуштањето на комисијата што го истражуваше. „Сегашната клима за закана, особено против избраните функционери, ќе бара континуирана и зголемена будност. При состојба на поларизација во нашата земја, може повторно да биде направен обид за напад сличен на оној со кој се соочи нашата служба на 6 јануари 2021 година. Ако се случи незамисливото, ние ќе бидеме подготвени“, рече началникот на полицијата на Капитол, Том Менгер. Пет лица беа…

Read More

Во Иран подигнати се обвиненија против двајца француски и еден белгиски државјанин поради шпионажа и активности против националната безбедност на земјата. Тие се обвинети за поттикнување на немири, кои избија во Иран по смртта на 22-годишната Махсе Амини, кој почина во притвор, откако беше уапсена од полицијата за морал поради непрописно носење на хиџабот. Демонстарциите траеа повеќе од два месеци и прераснаа во антивладини протести, најголеми од Иранската револуција во 1979 година.

Read More

Еден од најголемите досега откриени дрвени фараонски саркофази, прошверцуван од Египет и до неодамна изложен во американски музеј, е вратен во Каиро, објави египетскиот министер за надворешни работи Самех Чоукри. Артефактот, познат и како „зелен саркофаг“, бил направен за погреб на високи достоинственици, изјави Мостафа Вазири, директор на Врховниот совет за антиквитети. Чукри и Вазири говореа на вчера на прес-конференција во Министерството за надворешни работи. Долг 2,94 метри и широк 90 сантиметри, саркофагот е наречен „зелен“ поради бојата на релјефната глава, пронајден е во централен Египет и е стар речиси 2.700 години. Во изминатата деценија, Каиро успеа да врати 29.000…

Read More

Со своето работење, Агенцијата за храна и ветеринарство има за цел да обезбеди постојана грижа за заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната, заштита на потрошувачите од заблуда и нивно отворено, чесно и навремено информирање за можни опасности од храната, заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба, како и заштита на животната средина од загадување со отпад од животинско потекло, преку контрола на спроведување на прописи усогласени со стандардите на ЕУ како и меѓународните стандарди ратификувани од Република Северна Македонија. За предизвиците со кои се соочува АХВ, за безбедноста на производите што ги консумираме,…

Read More

Во германското пристаниште Вилхелмсхавен во Северно Море денеска пристигна првата редовна пратка на течен природен гас (ЛНГ) од САД. Испораката е дел од напорите на Германија да ги обезбеди потребните количини природен гас, што претходно ги набавуваше од Русија. Танкерот „Марија енерџи“ се закотви во пристаништето Вилхелмсхавен, каде течноста повторно ќе се претвори во гас во специјален пловечки терминал што минатиот месец го отвори канцеларот Олаф Шолц. Терминалот Вилхелмсхавен е еден од неколкуте такви што треба да и помогнат на земјата да го избегне недостигот на гас. Сепак, екоактивистите се заканија со протести, тие инсистираат Германија да престане да увезува…

Read More

На сите во овој момент треба да ни биде приоритет иднината на државата односно правецот во кој ќе ја движиме и исполнувањето на државните стратешки цели. Во моментов уживаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници и тоа треба мудро да го искористиме за напредок во евроинтеграциите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. „Во 2023 година не очекува динамичен и интензивен период во исполнување на задачите и обврските кои ги имаме за испорачување кон ЕУ, спроведување на реформската агенда и што повеќе резултати од истите. Во оваа наредна фаза на скрининг процес треба да…

Read More

Бугарските надлежни служби соопштија дека е утврдено оти телото на вториот починат турист пронајден на една од падините под врвот Вихрен на планината Пирин му припаѓа на 55-годишниот Драган Глишиќ, жител на Австрија по потекло од Северна Македонија. Како што информира бТВ, по речиси 20-часовната спасувачка акција на падините на Пирин, телото на Глишиќ и на вториот починат, 69-годишниот бугарски државјанин Пламен Христов се пренесени на обудкција. Дописникот на МИА од Софија јави дека е утвредено оти Глишиќ и Христов починале како последици на повреди здобиени при пад. Глишиќ допатувал сам во Банско пред Нова година со неговиот автомобил со…

Read More

Мисијата КФОР денеска соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на неколку возила останати на патиштата по минатомесечните блокади. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат на ОН“, се вели во соопштението. Барикадите што локалните Срби ги поставија во знак на протест против апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ беа отстранети на 29 декември. Пантиќ беше уапсен како осомничен за организирање напади врз службеници на општинските изборни комисии во северниот дел на Косово и…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше проштална средба со германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн, на која двајцата соговорници се согласија дека изминатите 30 години Северна Македонија и Германија остваруваат високо ниво на партнерски односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и почит. Како што соопшти МНР, Османи изрази особено задоволство од досегашниот ангажман на амбасадорката Холштајн во Северна Македонија и нејзиниот придонес во развојот на билатералните односи меѓу двете земји. „На средбата, министерот Османи ја истакна важноста на Берлинскиот процес во поддршката на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан со цел поскоро приклучување кон европското семејство,…

Read More

Можеби најпознатиот град во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи ги намали даночните стапки за алкохол за 30 отсто со цел да го поттикне туризмот. Во Дубаи веќе извесно време се олабавени прописите и можно е да се купува алкохол дневно и за време на рамазанскиот пост, а дозволена е и испорака. Ќе престане и издавањето поединечни дозволи за пиење алкохол, коишто досега и тамошните жители мораа да ги имаат за да пијат дома. Последниот потег се толкува како обид на градот да биде уште попривлечен за странците, заради натпревар со соседите. Две компании кои се дистрибутери на алкохол во Дубаи, „Маритајм…

Read More