Во Иран подигнати се обвиненија против двајца француски и еден белгиски државјанин поради шпионажа и активности против националната безбедност на земјата.

Тие се обвинети за поттикнување на немири, кои избија во Иран по смртта на 22-годишната Махсе Амини, кој почина во притвор, откако беше уапсена од полицијата за морал поради непрописно носење на хиџабот.

Демонстарциите траеа повеќе од два месеци и прераснаа во антивладини протести, најголеми од Иранската револуција во 1979 година.