Author: Ана Василевска

На сцената на Филхармонија на 28 декември, ќе се одржи новогодишен концерт на биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила. Гоце Стевковски од Здружението на џез музичари на денешната прес-конференција најави дека на концертот ќе има дополнително уште двајца гости, уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, редовен член на Љубљанскиот биг бенд и Бојан Цветковиќ од Србија. „Сметаме дека ќе имаме фантастична можност да уживаме во една квалителна музика која вреди да се слушне, а изведбата ќе биде на врвно ниво. Бонила има навистина импресивна биографија позади него, доибитник е на…

Read More

Командир, заменик-командир, раководител на смена и шест полицајци се уапсените во вчерашната голема акција што ја спроведоа Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на граничниот премин „Табановце“, потврди Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот брифинг со новинарите. Спасовски нагласи дека службениците се приведени поради злоупотреба на службената положба. Синоќешната акција на граничниот премин „Табановце”, што ја спроведоа МВР и ОЈО предизвика големиот застој на граничниот премин. Колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии од километарските колони…

Read More

Извештајот на Управата за јавни приходи (УЈП) се уште не е пристигнат во Владата и по неговото добивање се очекува министрите од економските ресори да одржат состаноци со приватните автобуски превозници и со Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата потврди дека извештајот на УЈП не е пристигнат во Владата. „УЈП во рамки на своите надлежности прави контрола. Уште немаат завршено со извештај којшто е доставен до Владата. Кога тоа ќе биде направено, тогаш ќе можат министрите од економските ресори да се информираат за деталите и потоа задолжените министри ќе можат да одржат…

Read More

Јужна Кореја подигна борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала денеска упаднаа во нејзиниот воздушен простор. Јужна Кореја утврди дека беспилотните летала дошле од Северна Кореја, поминувајќи ја таканаречената воена демаркациона линија меѓу двете земји. Тие биле забележани на небото над западниот јужнокорејски град Гимпо околу 10:25 часот по локално време, соопшти војската. Воен авион КА-1 се урна веднаш по полетувањето од својата база за да се спротивстави на беспилотните летала, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Двајцата пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне и биле пренесени во болница. Јужнокорејското…

Read More

Разрешен е директорот на албанската тајна служба,ШИШ, Херолинд Бендо. Разрешувањето е по барање на премиерот Еди Рама, за што уредба денеска потпиша претседателот Бајрам Бегај. Во објава на социјалните мрежи Рама наведува дека Бендо лично побарал да биде отповикан од функцијата поради продолжување на постдипломските студии во Националниот  универзитетот за одбрана во САД. Во иднина наведува Рама ќе биде ангажиран како советник на премиерот за реформите во безбедносните структури. Од друга страна лидерот на опозициските демократи Сали Бериша неговото разрешување го најави пред десеттина дена наведувајќи дека Бендо го „сметаат за шпион” и кршејќи ги уставните надлежности Бегај „по наредба…

Read More

Македонија дефинитивно оди во вистинска насока одбирајќи го патот кон ЕУ смета Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во интервју за Фронтлајн, Битиќи со задоволство говори за постигнувањата на Владата во последниот период. Тоа го припишува на ветувањата што како партија ги доставиле до граѓаните во предизборната кампања.  Ветивме зголемување на минималната плата и тоа го испорачавме. А во 2024 година ќе биде поголема и ќе биде 20.000 денари. Просечната плата уште сега е 33.200 денари, една година и половина пред завршувањето на мандатот и порано од ветеното, зголемени пензии за десет проценти за една година и уште 6-7…

Read More

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во периодот јануари-ноември има реализирано 1928 инспекциски надзори, што е надминување за 20,9 отсто во однос на планираното. Изготвени се 393 решенија, а изречени се 63 прекршочни санкции и една кривична пријава, при што во буџетот на државата се влеани над 300.000 евра од изречени казни и спогодби со физички и правни лица. Како што информира на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојановски, во овој период издадена е и интегрирана еколошка дозвола за РЕК „Битола“ со оперативен план за подобрување, а во тек е и одобрување на елаборати за…

Read More

РТК: Косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите „Безбедносните експерти во Косово оценуваат дека косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, но сметаат дека со оглед на чувствителноста и опасноста, не треба да дејствува без целосна координација со КФОР. Поранешниот командант на косовските безбедносни сили и експерт за безбедносни прашања, Кадри Кастрати, за Радио Косово изјави дека иако косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, тој сепак вели дека ова не е едноставна операција, па препорачал институциите постапуваат внимателно.“, пренесе косовскиот медиум РТК. БОТА СОТ: Уставниот суд на Косово пред 7 години ги објави прекршувањата за Заедниците На…

Read More

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство. Станува збор за Вилма Русковска, и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи. Веста за ја потврдија и извори за НоваТВ. Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРМ, оценува дека постои основано сомнение дека трите обвинителки сториле…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Оваа година ќе остане запаметена по дезинформациите и по тоа што слугите на некогашните господари на заробената држава се ставија во програма за ревизија на бесчестието и злоделата на темничарите на заробената држава. Проценија дека е дојдено време да ја отпочнат кампањата во која, распоредени формациски за настапи по медиуми, почнаа да ја шират патетиката од типот „невини мајки страдаат по затавори…“, и започнаа да ги именуваат како жртви наасилниците од 27 април кои извршија организиран државен удар. Сета почит кон мајчинството на поранешната министерка за внатрешни работи, но судот и ја определи казната врз основа на докази…

Read More

АСТРИТ ИСТРЕФИ Извршен директор на Балкан Форум, Косово Нашиот дел од светот, каков што го знаеме од распадот на Советскиот Сојуз и падот на Берлинскиот ѕид, сега е сериозно загрозен од руската агресија врз Украина. Огромното насилство на нападот, ужасите што се случуваат секој ден на украинска почва и злонамерниот дискурс од руската страна што го придружува овој напад ги погодуваат општествата и просторите надвор од Украина. Навистина, оваа агресија, во 21 век, длабоко го потресе современиот светски поредок, безбедноста и стабилноста на европските општества во некои региони кои веќе беа кревки, како што е Западен Балкан. Слични ужаси се…

Read More

Северна Македонија е активна во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, оцени министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, коментирајќи ги проектите од оваа област кои се реализираат преку иницијативата. „Министерството за култура ќе организира состанок во однос на последниот потпишан договор за соработка во кинематографијата и аудио-визуелните добра. Исто така, во рамките на „Отворен Балкан“ имаше неколку гостувања на оперите во Скопје и во Белград, соработувавме заедно на фестивалот „Рути“, соработувавме заедно и на други иницијативи како размена на ансамбли од Драмски театар во Белградско народно позориште“, кажа министерката на денешната прес-конференција посветена на предлог-буџетот за наредната година. Одговарајќи на новинарско…

Read More