На сцената на Филхармонија на 28 декември, ќе се одржи новогодишен концерт на биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила.

Гоце Стевковски од Здружението на џез музичари на денешната прес-конференција најави дека на концертот ќе има дополнително уште двајца гости, уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, редовен член на Љубљанскиот биг бенд и Бојан Цветковиќ од Србија.

„Сметаме дека ќе имаме фантастична можност да уживаме во една квалителна музика која вреди да се слушне, а изведбата ќе биде на врвно ниво. Бонила има навистина импресивна биографија позади него, доибитник е на награди, има свирено во бендови кои се навистина легендарни. Воопшто не е наивна целата ова случка околу концертот, најмногу поради тоа што е еден од малкуте сериозни тромбонисти на планетава во моментов“, рече Стевковски.

Како што додаде тој, музиката што ќе биде изведена на концерот е по сите стандарди и е нешто што вреди да се чуе.

Џез тромбонист Луис Бонила напомена дека на програмата на концертот ќе има селекција од сите негови свирки, со фокус на латинската страна на џезот.

„Македонија е едно невообичаено место и уживам во посетата на оваа држава. Убаво е повторно да се биде тука. Овој концерт е важен чекор за креативноста и за музиката, бидејќи во оваа држава има многу талентирани музичари. После концертот најверојатно нема да ја паметите многу музиката, но ќе го запаметите чувството кое што сте го имале додека сте присуствувале на концертот“, рече Бонила на прес-конференцијата.

Инаку, Луис Бонила е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор.

Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот – Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

 

 

МИА

2:40 PM (11 minutes ago)

to me

 

МИА КУЛТУРА МК

 

Промовирана монографијата за уметникот Невзат Бејтули-Кица

 

Тетово, 26 декември 2022 (МИА) – Во Уметничката галерија во Тетово денеска се одржа првиот од двата настани посветени на академскиот сликар Невзат Бејтули-Кица планирани за оваа недела – промоција на монографија и самостојна изложба на дела во среда 28 декември. На денешната промоција на монографијата се осврнаа директорот на Уметничка галерија Илир Куртиши и писателот Салајдин Салиху.

– Уметничната посветеност на Бејтули-Кица во последните две децении е претставувањето на дуото човекот и коњот. Коњот многупати се користел како мотив во визуелните уметности, каде што симболизирал убавина, моќ, брзина и сензитивност. Во сликите на Кица коњот е претставен како прекрасносуштество, со совршено тело. За разлика од многу други сликари, кои биле опседнати само со сликање на коњот, Кица уметнички го прикажува односот меѓу човекот и коњот. Коњот е помошник на човекот во време на мир и војна, во немирни и мирни времиња. Тоа е корисно и убаво. Преку парот човек и коњ уметнички се изразуваат различни психолошки состојби на човекот. Претставена е човечката големина, неговиот обид за опстанок, мисијата да се донесе правда во светот, порача Салиху во говорот за работата на Невзат Бејтули-Кица.

Директорот Илир Куртиши истакна дека со големо задоволство и чест Уметничката Галерија ги организира настаните посветени на уметникот Кица.

– Уметничка галерија Тетово има голем чест да биде домаќин на нашиот познат сликар со европско и светско реноме. Има отворено лични изложби во странство, во САД, Франција, Италија, Австрија, Босна итн.За неговото уметничко творештво пишувале многу автори. Кица е почестен со многу национални и меѓународни награди, истакна директорот на Галеријата, Илир Куртиши.

Самостојната изложба ќе боде отворена во среда во 19 часот. Невзат Бејтули – Кица е роден во 1962 година во село Ѓурѓевиште Гостиварско. Академијата за ликовни уметности ја завршил во Скопје, во 1993 година, додека постдипломските студии ги довршил во Приштина, под менторство на проф. Реџеп Фери во 2002 година. Откако е основан Тетовскиот Универзитет, таму е ангажиран како професор. На Факултетот за Ликовни Уметности предава Акт, истражување и проучување на човечкото тело во ликовната уметност. Има највисоко академско звање – редовен професор.