Author: Ана Василевска

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа налозите на американските новинари на социјалната мрежа. „Луѓето зборуваа. На налозите што ја објавија мојата локација ќе им биде укината суспензијата“, напиша Маск на Твитер доцна синоќа. Европската унија вчера се закани со санкции против Маск, а Обединетите нации предупредија дека суспендирањето на налозите е „опасен преседан“. Во четвртокот вечерта, Твитер ги суспендираше налозите на десетина новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу кои и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен и Гласот на Америка. Твитер…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека „постојан приоритет“ е заштита на државната граница и оти Кијив е подготвен за сите можни сценарија со Русија и нејзината сојузничка Белорусија. „Заштитата на нашата граница и со Русија и со Белорусија е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија“ наведе Зеленски. Тој упати нов апел до западните земји да и обезбедат на Украина ефикасна воздушна одбрана. Кијив во текот на ноќта беше цел на напади со беспилотни летала, при што повредени се најмалку две лица, а оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови. Според…

Read More

Со поетско-музички перформанс во Народниот театар Штип, утревечер во 20 часот, ќе биде одржано поетско-музичко патешествие насловено „Молитви на моето тело“ креиран според циклусот „Молитви на моето тело“ од збирката „Небиднина“ на Ацо Шопов. Овој мултимедијален настан е во реализација на актерите Рујиш Беговска и Суад Беговски-Сухи а музиката е на Енес Беговски. „Ацо Шопов е еден од “избраните“ поети/уметници кој на релативно млада возраст (како Гете во “Страдањата на младиот Вертер“, Ибзен во “Пер Гинт“, Бергман во “Седмиот печат“) ќе се обиде преку поетската збирка “Небиднина“ да ја прочита “книгата на животот“, сфаќајќи го поимот небиднина како „Остварување низ…

Read More

Театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња во духот на празничниот период. Така изгледаше денешниот хуманитарен хепенинг кој денеска го организираше Министерството за одбрана во соработка со амбасадата на Украина во Северна Македонија во Skopje City Mall. На хуманитарниот хепенинг присуствуваше министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Намерата на министерката Петровска и Министерството е со овој настан да внесе среќа и радост во очите на дечињата и топлина во нивните срца, да покаже дека тие не се сами и дека се грижиме за нив. „Тука се дружиме со дечињата кои своите прибежиште го најдоа…

Read More

СДСМ одговори на повикот на Цивил за промоција на европските вредности преку изведување на евергринот ИНСИЕМЕ , кој неодамна доби верзија на македонски јазик. Вечерашната трибина ‘Силно и одлучно кон иднината’ која се одржа во Скопје, заврши токму со изведба на оваа песна. Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек. Цивил ги повика сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија. ‘Партиите можат својата…

Read More

Владејачката партија СДСМ денеска ја одржа големата национална трибина во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, со што го заокружи караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“. На трибината свое обраќање имаа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски. „Ја започнавме годината со јасна визија и обврска. Одлучивме да се менуваме, да бидеме подобри и поуспешни, не за себе, туку за граѓаните и државата. Од првиот момент, ниту јас, ниту моите колешки и колеги, не застанавме на тој пат ниту еднаш! Посветено, чесно и целосно се внесовме во спроведувањето на нашите обврски и ветувања“,…

Read More

Пишува: Ана Василевска Мала анализа на утринските закани со бомби кај нас и во земјите од соседството укажува дека интензивирањето се движи по слично сценарио. Пред речиси еден месец НоваТВ во текстот со наслов „Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?“, потсети дека ние не сме единствената земја која во изминативе месеци се справува секојдневно со лажни закани со бомби. Како според однапред осмислена стратегија , заканите почнуваат во училиштата, а подоцна мета на нападите стануваат и електронските адреси на други јавни простори како што утрово беше случај со Скопскиот аеродром, хотелите  „Александар…

Read More

Новата претседателка на Либерално демократската партија Моника Зајкова во интервјуто за Фронтлајн потенцира дека партијата ќе побара измени во Кривичниот законик за депенализација на канабисот а за декриминализацијата се очекува да има политичка волја и да попушти блокадата на овој Закон во Собранието. Се пофаливте дека декриминализацијата и депенализацијата на канабисот се во владината програма по предлог на ЛДП. Кога да се очекува имплементација на владината програма за канабисот? „Канабисот е тема за која се говори чинам 6 години. Се формираа работни групи се одржаа голем број на конференции. Гледаме дека Законот за опојни дроги и психотропни супстанци е…

Read More

Речиси еден месец, младата либерал демократка Моника Зајкова е нова претседателка на партијата која беше избрана  на осмиот партиски конгрес како единствен кандидат за функцијата. Зајкова, која досега беше потпретседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието, го наследува Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година. Во интервјуто за Фронтлајн таа говори за политиките на ЛДП во однос на актуелните состојби и акцентира дека ни се потребни реални и остварливи политики, додека популизмот не ни носи ништо добро. Зајкова ја истакна отвореноста на либерал демократите кон прашањата за ЛГБТ заедницата, и можноста да се озаконат еднополовите партнерства, потоа за…

Read More

Полицијата го спречи приодот кон хотелот „Мериот“ на улицата Максим Горки, по утринската закана со бомба. Не беше забележлива паника околу хотелот додека полицијата го обезбедуваше теренот до пристигнување на тимот за проверка. Утрово закани со бомби имаше и во хотрелот „Александар Палас“, Скопскиот аеродром, Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Read More

Европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно ѝ е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа откако европската обвинителка побара одземање на пратеничкиот имунитет и на Спираки по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. „Со одлука на претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, суспендиран е статусот член на Нова демократија на…

Read More

Европската Унија треба да започне заедничка набавка на оружје за да ги надополни залихите поради вооружувањето на Украина, изјави денеска шефот на Европската агенција за одбрана Јиржи Седиви, предупредувајќи дека САД можеби нема секогаш да можат да ја заштитат Европа од закани. „Руската агресивна војна против Украина ги покажа недостатоците на нашите одбранбени капацитети“, рече Седиви, шеф на Европската агенција за одбрана, тело на ЕУ кое им помага на владите-членки на ЕУ да ги развијат своите воени способности. Тој тврди дека агенцијата е во преговори со европските производители на оружје за зајакнување на повторното производство, како и со членките на…

Read More