Author: Ана Василевска

Најновото признание за играниот филм „ХОМО“ ( „Only Human“) во режија на Игор Иванов – Изи доаѓа од Тамил Наду Филм Фестивал, кој се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај – главниот град на најјужната индиска држава Тамил Наду и кој на својата публика ѝ понуди програма од осумдесетина филмови од сите континенти на светот.  Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови.  Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија…

Read More

Разговарала: Ана Василевска Сцената на Долни Сарај во Охрид, на 11 август во 22 часот ќе биде резервирана за исклучителен концертен настап на Националниот џез оркестар со изведба на дела на водечкиот џез пијанист и автор Васил Хаџиманов, диригиран од маестро Џијан Емин. По концертните изведби со Курт Елингтон, потоа концертот со гостување на Џон Рајли на тапани диригиран од Зиги Фајгл, концертните изведби со аранжамни на музиката на Дарко Рундек, Рамбо Амадеус, Националниот џез оркестар подготви ново музичко изненадување со Хаџиманов, еден од џез музичарите кој секогаш македонската публика го дочекува со големо љубопитство. Во разговорот што го направивме,…

Read More

Едно од главните прашања на Бугарија е влезот во еврозоната. Софија се надева дека ќе се приклучи на единствената валута во 2025 година, но политичките тешкотии во последните години го прават тоа малку веројатно. Расте загриженоста поради политичката нестабилност во Бугарија, која може да ги наруши неколкуте тековни преговори со Европската унија. По објавувањето на предвремените парламентарни избори во понеделникот, седми во последните три години, се поставуваат прашања за тоа кој следниот ќе ја заземе функцијата бугарски комесар, именување кое треба да се случи до крајот на месецот. Поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев изјави дека очекува…

Read More

Истражувачите ги утврдија спортовите со најголеми фактори на ризик врз основа на податоците собрани од Олимпијадата во Пекинг во 2008 година. Ако изобилството на олимписки спортови ве поттикне  да започнете нова дисциплина наесен,  можеби нешто за што никогаш не сте размислувале порано, ќе треба прво да размислите за нејзината безбедност. Новото истражување го спореди бројот на спортисти во секоја дисциплина со бројот на пријавени повреди, одредувајќи ги спортовите со најголеми фактори на ризик. Наодите се малку изненадувачки: BMX се појави како најопасниот олимписки спорт, со стапка на повреди од 34,38%, додека пинг-понг и ракометот беа повеќе склони кон повреди отколку…

Read More

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ми глас  за улогата и одговорноста на претседателот на Собранието Африм Гаши во инцидентот на скопксиот аеродром со косовската претседателка Вјоса. Освен општите укажувања на Мицкоски дека случајот ќе биде детално истражен и дека одговорните ќе одговараат, од неговата партија на власт упорно молчат и на повиците за повлекување на Гаши. Единствениот кон кого досега се преземени мерки е шефот на обезнедувањето на Гаши кој директно учествуваше во насилството врз своите колеги на скопскиот аеродром, иако и самиот собраниски спикер призна дека тој таму отишол по негова нардеба „за да ја смири ситуацијата“. Сите индиции се…

Read More

Јунус, кој оставката на Хасина ја нарече „втор ден на ослободување“ на земјата, се соочи со неколку обвиненија за корупција и беше изведен пред суд за време на владеењето на Хасина. Тој ја доби Нобеловата награда во 2006 година, откако беше пионер во микрокредитирањето – доделување мали заеми на луѓе или бизниси кои инаку би можеле да не се квалификуваат за такви заеми – и тој рече дека обвиненијата за корупција против него биле мотивирани од одмазда. Добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус треба да ја предводи привремената влада на Бангладеш, изјави клучниот организатор на студентските протести во земјата,…

Read More

Со доделување на Големите повелби на Леотар заврши годинешното издание на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, БиХ. Големата повелба на Леотар му беше доделена на македонскиот актер Тони Наумовски за неговата минималистичка и емотивно моќна интерпретација на сложениот лик на Владимир во филмот „Лена и Владимир“, филм во режија на Игор Алексов. Награден беше и кинематограферот Душан Кардалевски за визуелно и колоритно раскошната фотографија во истиот филм. „Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат . Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им…

Read More

Утре ќе биде првата официјална средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на која што ќе се сретне со неговиот косовски колега, Албин Курти. Во најавата за оваа средба медиумите објавија дека на средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на каолицијата Вреди, но не е јасно дали на пречекот на косовскиот премиер ќе биде и заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, пишува „Рацин.мк“. Ова прашање ќе остане отворено, особено откако денеска од Косово стигна веста дека косовската полиција уапсила петмина Срби на Косово за…

Read More

Манижа Талаш, 21-годишна Авганистанка која ќе се бори во брејкденс на прв олимписки натпревар откако побегна во Шпанија од талибанците, е една од инспиративните приказни за овие мигрантки.  Спортистите бегалци, ќе застанат на сцената во Париз бидејќи рекордната миграција и порастот на екстремно десничарскиот популизам влијаат врз поголемиот дел од светот, при што партиите во многу земји ги запираат имиграцијата и азилот. Нешто повеќе од една третина од Олимпискиот тим за бегалци на Игрите во Париз се жени, бидејќи женската застапеност продолжи да опаѓа од создавањето на тимот во 2015 година. Сепак, стапката од 38% на жени во тимот не…

Read More

Европската комисија објави дека ЕУ за првпат денеска насочува средства за помош на Киев од профит од запленет руски државен имот под европските санкции против Москва поради војната во Украина. Со тој потег, Украина ќе ја добие првата исплата од 1,5 милијарди евра. Собраните средства се од средствата од имотот што го чуваат централните депозитари за хартии од вредност и беа обезбедени од финансиската компанија Еуроклиар до ЕК како прва рата на 23 јули. Парите сега ќе бидат ставени на располагање за поддршка на воените капацитети на Украина и помош на земјата да се опорави од штетата предизвикана од руските…

Read More

Германските производители предизвикаа спор со поднесување противење на турската апликација за доделување на специјален статус на донер-ќебапот на ниво на ЕУ, иницирајќи период од шест месеци за решавање на несогласувањата. На турската апликација до Европската комисија за донер-ќебапот да му се даде слично признание од ЕУ како неаполската пица и шпанскиот џамон серано, се спротивстави Германија, изјавија за Еуроњус извори блиски до ова прашање. Како што е соопштено, во април Турција  поднела барање за регистрирање на името „döner“ во Европа за да може да го користат само оние производители кои се во согласност со регистрираниот метод на производство и спецификациите…

Read More

По полагањето заклетва како пратеник во Европскиот парламент, Фреди Белери е избран и за потпретседател на Комисијата за петиции во оваа институција. Минатата недела Белери доби дозвола од Управата на затворите да замине во Стразбур, каде положи заклетва како европратеник, откако победи на изборите на листата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и Нова демократија. -Им благодарам на колегите за мојот избор за потпретседател на Комисијата за петиции, за што бев информиран во затвор. Тоа е голема чест и уште поголема одговорност за мене како новоизбран европратеник. Наскоро мојата авантура ќе заврши и ќе можам да ги извршувам задачите што ми…

Read More