Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетта награда за филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи: Најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал

0
By Ана Василевска on August 22, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 22, 2024 12:54

Најновото признание за играниот филм „ХОМО“ ( „Only Human“) во режија на Игор Иванов – Изи доаѓа од Тамил Наду Филм Фестивал, кој се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај – главниот град на најјужната индиска држава Тамил Наду и кој на својата публика ѝ понуди програма од осумдесетина филмови од сите континенти на светот.

 Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови.

 Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ од Србија, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, автор на маска на Аленка Нахтигал двете од Словенија, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов и аврот на оригиналната музика е Зоран Спасовски.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски и други.

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија), кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар.

 

„ХОМО“ Светската премиера ја доживеа на 51. ГОА ИФФ Индија во 2021 година и до сега беше прикажан на фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Австралија, Чешка, Италија, Шпанија, Франција, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Египет. Учестовот на ХОМО во рамките на официјалната програма на Тамил Наду Филм Фестивал, каде ја доби својата десетта награда е негово петто фестивалско претставување во Индија.

 

Филмот е дистрибуиран на териториите на Балканот, а од неодамна ѝ е достапен и на публиката во Северна Америка и Бразил.

 

Агенција за филм на РСМ Игор Иванов-Изи. Македонски филмови Скопје филм студио Хомо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.