Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во неколку скопски средни училишта денеска повторно имало дојави за поставени бомби. Евакирани се ученици во седум училишта, меѓу кои и од „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“… Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите закани за поставени бомби. Новите закани се по еднонеделно затишје по интензивните четири недели кога секојдневно имаше вакви закани во училиштата.
Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието и за првиот заменик претседател на Владата. „Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор. Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите, инфоримира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд“, Христина…
Американската министерка за трговија Џина Рајмондо во вчерашниот говор на Масачусетс институтот за технологија (МИТ) изјави дека Вашингтон не сака да ја прекина врската помеѓу двете најголеми светски економии – САД и Кина. „Мораме да продолжиме да работиме со Кина. Трговијата со Кина ги поддржува работните места во Америка“, посочи Рајмнондо. Таа додаде дека САД мора да вложат повеќе напори за да бидат поуспешни во натпреварот со Кина. И покрај сите тие предности, и ги има многу, ефективното натпреварување со Кина нема да биде лесно, ќе бара напорна работа од сите, не само од владата, посочи Рајмондо. Таа ја претстави…
Јавното обвинителство ги следи сите информации поврзани со случајот што го отвори Државната комисија за спречување на корупција а се однесува на предвременото полагање на правосуден испит на Барлет Џафери, син на собранискиот спикер Талат Џафери. Од НоваТВ побаравме одговор од Основното јавно обвинителство, дали ќе отвори истрага околу случајот „правосуден испит“. „Го следиме случајот и доколку се утврди дека постојат елементи на кривично дело во наведениот настан, ќе постапиме согласно своите законски надлежности.“, ни одговорија од ОЈО. Инаку, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска деновиве во медиумите истакна дека предвременото полагање правосуден испит било…
Лажна фотографија од посетата на полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Кијив беше распространета низ руските Телеграм канали, пренесува Укринформ. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки всушност не положи цвеќе на споменикот на Степан Бандера за време на неговото патување. Оваа дезинформација беше распространета низ проруските канали на Телеграм, социјалните мрежи управувани од пропагандни експерти и онлајн медиуми. Ова положување цвеќе не би можело да се случи како такво бидејќи во Кијив нема споменик на Степан Бандера. Бистата, која е прикажана на лажната фотографија, се наоѓа во селото Коживка, Тернопилската област. Фотографијата на Матеуш Моравјецки е преземена од вистинска слика објавена на официјалната…
Министерот за европски прашања и вицепремиер Бојан Маричиќ е задоволен од досегашниот тек на скринингот, но тврди дека и Брисел е задоволен бидејќи Северна Македонија има подготвени презентери кои реално ја претставуваат состојбата во институциите од каде доаѓаат. Европа не може да биде излажана вели тој во интервју за Фронтлајн, затоа што таа добро ги познава состојбите кај нас, а тоа се гледа и од извештаите кои ги презентира секоја година. https://www.youtube.com/watch?v=DkiZVzBIQbs&t=3s „Имаме одлично темпо на скринингот. Од ноември почнавме и со билатералниот скрининг и сме во фаза каде ние даваме отчет како ние сметаме дека сме се усогласиле, што…
Робели: Жените се убиваат затоа што се жени! „Убивањето жени не е убиство поради „проблеми“ или „љубомора“. Жените се убиваат затоа што се жени. Ова се нарекува фемицид. На Косово му треба востание против ова специфично и токсично насилство врз жените. Да, востание затоа што ова насилство има потенцијал да остави долгорочни и непоправливи последици за целото општество.“, Енвер Робели во колумната Жените се убиваат затоа што се жени! БОТА СОТ – Отворено писмо до Курти: Кога ќе преминеме на белата страница? „Почитуван премиере Курти, овој настан (убиството на жената и нејзиното неродено бебе) е многу болен, со библиски размери, и…
Во Националниот историски музеј на Албанија, во Тирана, отворена е изложбата на историски стрип „CAN for Balkans“, дел од истоимениот меѓународен проект во чија организација е вклучен и Стрип центарот на Македонија – Велес. Покај делата на стрип-авторите од Албанија, Романија и Србија, на групната изложба можат да се видат стрипови и од македонските автори Љупчо Филипов, Илија Јордановски, Миле Топуз, Драган Ташковски, Диме Иванов-Димано, Дарко Богданов и Александар Стеванов, што претставува прва групна презентација на македонскиот стрип пред албанската публика. Во официјалната програма на изложбата беше одржана дебата во која учествуваше Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на…
Турција постави резервоар тежок 280 тони на длабочина од 2.200 метри во морето, кој ќе го собира црноморскиот гас што доаѓа од бунарите, операција која траеше 20 часа, пишува весникот „Јени Шафак“. Претходно весникот „Сабах“ информира дека Турција ќе инвестира речиси 10 милијарди долари во проект за извлекување и пренос на 540 милијарди кубни метри гас од наоѓалиштето Сакарија во Црното Море. Првиот гас од наоѓалиштето се планира да влезе во Турција во 2023 година. Проценетата вредност на гасот откриен во Црното Море е 400 милијарди долари. „Гасот од Црното Море се приближи до копното. На длабочина од 2.200 метри во морето, во системот…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања, во Стејт департментот, на маргините на ОБСЕ Министерскиот состанок при што најави тесна координација со САД за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со оваа организација. Како што соопшти МНР, двајцата разговора за одличните билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, кои постојано се збогатуваат а посебно се осврнаа на првите конкретни резултати од неодамнешното одржување на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Во фокус на разговорите беше и соработката и сојузништвото во рамки на мултилатералните организации, како што е НАТО и ОБСЕ, а…
Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана, каде ќе пристигне по посетата во Скопје. Ова е прва посета на германски претседател на Република Албанија по 27 години. Со сите државнички почести ќе биде дочекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со кого ќе имаат куса средба по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Според официјалното соопштение од претседателскиот кабинет „посетата претставува дополнителен сигнал за поддршка од Германија за европската иднина на земја“. „Во фокусот на посетата е ситуацијата во регионот, ефектите од војната на руската агресија во Украина и континуираната поддршка на Германија…
Темата за сексуалното вознемирување, иако повеќе како табу тема, постои како проблем во секој аспект од нашето опкружување, но за осуда на таквите појави, мора првенствено соодветно да бидат пријавени, велат за „Локално“ од УКИМ за резултатите од истражувањето спроведено од студентите на Меѓународните интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје. Според институцијата, УКИМ обезбедува максимална заштита на своите студенти и вработени, со цел каков било тип на вознемирување воопшто да не се случува и токму затоа, сексуалното вознемирување е внесено во нашиот нов Етички кодекс и секоја негова форма е најстрого осудена…