Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штајнмаер денеска во Тирана, прва посета на германски претседател по 27 години

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Штајнмајер во прва официјална посета на Тирана
Штајнмајер во прва официјална посета на Тирана
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 1, 2022 10:19

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана, каде ќе пристигне по посетата во Скопје.

Ова е прва посета на германски претседател на Република Албанија по 27 години.

Со сите државнички почести ќе биде дочекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со кого ќе имаат куса средба по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Според официјалното соопштение од претседателскиот кабинет „посетата претставува дополнителен сигнал за поддршка од Германија за европската иднина на земја“.

„Во фокусот на посетата е ситуацијата во регионот, ефектите од војната на руската агресија во Украина и континуираната поддршка на Германија за членството на земјата во Европската унија“, пренесуваат медиумите дел од соопштението на кабинетот на германскиот претседател.

Штајнмаер ќе се сретне и со премиерот Еди Рама, ќе има обраќање во албанскиот парламент, планирана е посета на Националниот музеј „Куќа на лисјата“ во Тирана, дискусија како да се соочиме со комунистичкото минато и разговор со студенти од шесте земји од Западен Балкан.

Тој ќе го посети и градот Берат каде ќе биде запознаен со проектите за развој на албанско-германската соработка.

„Во пресрет на посетата на Албанија и на Северна Македонија Штајнмаер за Дојче веле изјави дека достигнувањата на Северна Македонија и Албанија заслужуваат признание и почит. Меѓу другото, тој рече дека посетата има за цел да ја пренесе пораката дека Германија не го заборава Западен Балкан“, јави албанската државна агенција, АТА.

Според истиот извор ова е првпат германскиот претседател официјално да ги посети Албанија и Северна Македонија, откако ја презеде функцијата на 19 март 2017 година.

„Сепак, поранешниот германски министер за надворешни работи добро го познава Западен Балкан. Во двата периода колку што беше министер за надворешни работи постојано го враќаше регионот на агендата на својата работа“, додава АТА.

На Штајнмаер ова му е втора посета на Тирана по онаа кога допатува како министер за надворешни работи

Еди Рама Тирана Франк Валтер Штајнмаер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.