Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција постави резервоар од 280 тони за собирање гас во Црното Море

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Црно море
Црно море
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 1, 2022 10:43

Турција постави резервоар тежок 280 тони на длабочина од 2.200 метри во морето, кој ќе го собира црноморскиот гас што доаѓа од бунарите, операција која траеше 20 часа, пишува весникот „Јени Шафак“.

Претходно весникот „Сабах“ информира дека Турција ќе инвестира речиси 10 милијарди долари во проект за извлекување и пренос на 540 милијарди кубни метри гас од наоѓалиштето Сакарија во Црното Море. Првиот гас од наоѓалиштето се планира да влезе во Турција во 2023 година. Проценетата вредност на гасот откриен во Црното Море е 400 милијарди долари.

„Гасот од Црното Море се приближи до копното. На длабочина од 2.200 метри во морето, во системот е инсталиран џиновски дистрибутивен резервоар од 280 тони кој ќе го собира гасот од бунарите и ќе го поврзе со главниот гасовод. 20-часовната операција беше спроведена со хируршка прецизност, за да се осигура дека резервоарот нема да се помести ниту сантиметар“, пишува весникот.

Екипите на Турската нафтена корпорација (ТПАО) деноноќно работат на гасното поле Сакарија, за кое се верува дека е најголемото откритие на природен гас во историјата на Турција.

„Овој џиновски дистрибутивен резервоар „Печенек“, кој ќе собира гас од бунарите и ќе го поврзува со главниот гасовод, со брод е транспортиран од пристаништето до гасното поле Сакарија, каде што ќе биде пуштен во употреба. Тука џиновската опрема спуштена на морското дно со помош на специјални кранови и подводни роботи, беше поставена на местото со операција извршена со хируршка прецизност. Операцијата траеше околу 20 часа, прецизира весникот.

гас Турција Црно Море
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.