Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новата амбасадорка на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин. Премиерот на средбата ѝ посака успешна мисија, но и изрази задоволство за одличната досегашна билатерална соработка помеѓу двете земји, како и за засилените политички и пријателски врски. На состанокот беше ставен акцент за продолжување и унапредување на соработката помеѓу двете земји, посебно во време на шведското претседавање со Европската Унија следната година и очекувањата да добиеме силна поддршка од Кралството Шведска во евроинтеграциските процеси. Премиерот Ковачевски истакна дека Република Северна Македонија е фокусирана на просперитет, а тоа може да се постигне само со…
Европскиот парламент утре ќе одбележи 70 години од одржаната прва седница во 1952 година, кога сè уште беше главно советодавно тело на претходникот на Европската унија, Заедницата за јаглен и челик. Тоа е само една од низата свечености планирани за таа пригода од септември оваа година до летото 2023 година. Церемонијата со воведен говор на пленарната седница ќе ја отвори претседателката на ЕП Роберта Мецола, а по неа ќе се обратат француската премиерка Елизабет Бoрн и премиерите на Белгија и Луксембург, Александар де Кроа и Ксавиер Бетел. Има три земји кои се и домаќини на Парламентот. Главното седиште е во…
Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска поради немање кворум за избор на нови шефови на две виши и пет основни јавни обвинителства именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир Јовевски немаат услови за избор на шефови на Вишото јавно обвинителство – Скопје и Гостивар, но поради испразнетоста на местата да постават в.д. основни јавни обвинители. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски не присуствуваше на денешната седница на Советот на ЈО, поради, како што беше појасни претседателот…
КОХА: Сите очи се вперени во француско-германската врска „Без оглед на тоа како ќе се развива тој конфликт, дојде до неповратно губење на довербата меѓу Европа и Русија. Агресијата на Путин суштински го промени стратегискиот калкулус и создаде услови за нов вид Студена војна во Централна и Источна Европа. Неговата Русија претставува предвидлива долгорочна закана што ќе ги принуди ЕУ и нејзините земји-членки да инвестираат многу повеќе во способноста да се бранат себеси, нивниот либерален демократски систем и нивните принципи со воени средства. Накратко, ЕУ мора да се трансформира во суверен геополитички играч со своја превентивна воена способност да ги заштити…
Полското обвинителство нема да дозволи украински експерти да се приклучат на полско-американската истрага за ракетната експлозија во селото Пржеводов, бидејќи нема законски основи за тоа, пишува денеска полскиот весник „Жечпосполита“. „Не постои таква законска можност и тоа би било спротивно на правилата за водење постапка, дотолку повеќе што се проверуваат сите можни верзии за инцидентот, вклучувајќи ја и онаа дека се работи за ракета на украинската противвоздушна одбрана“, велат за „Жечпосполита“ извори од Обвинителството. Две лица загинаа во вторникот во полското село Пржеводов, при експлозија на ракета што погоди складиште за жито и усмрти работник и земјоделец кој донел пченка за…
Разговорите со Алијанса за Албанците во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари. „Одговорот што го даде претеседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто…
Дали конечно кривичните дела кои ги има сторено пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ќе му се „удрат од глава“ и ќе го остават без сертификатот за безбедност? Ако внимателно се следи изјавата од минатата недела на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, тогаш како да се навестува дека агенцијата ќе покрене постапка за да му се одземе безбедносниот документ на пратеникот, кој најверојатно е добиен на незаконски начин. Имено, иако не го споменува со име, сепак од содржината на изјавата станува јасно дека се работи за Милошоски. „Се работи за поранешен министер, сегашен актуелен член на…
Околу 45 земји и институции ќе учествуваат денеска на донаторска конференција во Париз, каде што треба да се обврзат дека ќе и дадат милиони евра помош на Молдавија, бидејќи расте стравот дека таа може дополнително да се дестабилизира поради конфликтот во Украина. Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, ги почувствува последиците од зголемувањето на цените на храната и енергијата, како и приливот на илјадници бегалци кои пристигнуваат во земја со околу 2,5 милиони жители. Во голема мера зависна од снабдувањето со енергенси од Русија, Молдавија се соочува со поголеми тешкотии со доаѓањето на зимата, а Москва го намалува…
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Знаев дека тоа што во рамките на своите хигиенски протоколи, не гледам, не слушам и не читам ништо што има сонценце како препорака, демек што е произведено во Македонија, ќе го зголеми интензитетот на чувството кога на еден или друг начин веста за нешто ќе се пробие до моите уши полесно отколку руски дрон врз украинска болница. Седам така во „Тренд“, сркам од кафето оросено со цимет и од некаде ми доаѓа нотификација дека е формиран Судско-медиумски совет. Уф, уф, уф, јебо те бог, да те јебо, што е сега ова!? Така си реков, жими мајка. И дека единството…
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Иако своевремено, мора да признаам, бев фасцинирана од ликот и делото на Elon Musk, како поминува времето, така и моите симпатии кон оваа фигура целосно исчезнaа. Пред се, поради тоа што тој постана олицетворение на т.н. “надзорен капитализам (S. Zuboff)” и пропратните перверзии кои ги носи со себе во смисла на целосна морална дефектура. Како таков, надзорниот капитализам дејствува загрижувачики – бидејќи крајно ефектно и интензивно успева во изместувањето на границите на либералната демократија и нив ги предизвикува до мера, би рекла, на поттикнување на уплав заради масивните интервенции кои ги врши врз однесувањето на луѓето. Дигиталниот…
„Карамба, во тек на филмот се претвора во нивниот понижен слуга, носејќи им кафе само со престилка на него, прикажувајќи нѝ во дејствието и малку мешање со газови. Сериозно, кој би сакал да го гледа тоа?! “, Холивуд Репортер „Иако Кајмак ги нагласува класните разлики и се занимава со помрачни општествени прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода – филмот не е суптилен, и има премногу провокативни сцени кои се граничат со меко порно. Всушност, тие се вулгарни“, Гаутаман Баскаран, по премирета во Токио „Можеби Манчевски, сè уште го брка…
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско – српското братство Во знак на отпор кон повиците на Западот да се избере меѓу Москва и Западот, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека братските односи на неговата земја со Русија не можат да бидат уништени и дека Белград никогаш нема да се урне под притисок. Вучиќ ја даде изјавата за време на средбата со Турко Даудов, советник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, пишува во вчерашниот Oп/Eд „Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско-српското братство“ во Газета Експрес, Косово. Вучиќ се сретнал со Даудов во Белград, па дури и позирал облечен во традиционална…