Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Француско- германската врска во очите на светот, дуел Курти – Вучиќ, Алијанса за Албанците со една нога во Владата, Албанскиот театар Моисиу со извонредни претстави

0
By Ана Василевска on November 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2022 13:00

КОХА: Сите очи се вперени во француско-германската врска

„Без оглед на тоа како ќе се развива тој конфликт, дојде до неповратно губење на довербата меѓу Европа и Русија. Агресијата на Путин суштински го промени стратегискиот калкулус и создаде услови за нов вид Студена војна во Централна и Источна Европа. Неговата Русија претставува предвидлива долгорочна закана што ќе ги принуди ЕУ и нејзините земји-членки да инвестираат многу повеќе во способноста да се бранат себеси, нивниот либерален демократски систем и нивните принципи со воени средства. Накратко, ЕУ мора да се трансформира во суверен геополитички играч со своја превентивна воена способност да ги заштити своите интереси.“, пишува меѓу другото во колумната од Јошка Фишер „Сите очи се вперени во француско-германската врска“.

БОТА СОТ: Решавачки дуел меѓу Курти и Вучиќ?

“Се поставува прашањето дали Вучиќ е заинтересиран за решение? Секој би одговорил на тоа, не. Ако сакал решение, нема што да се дискутира за такво нешто. Работите се сосема јасни.

Вучиќ сака да привлече внимание со помпезноста на својата пропаганда: Курти бара конфликт, а Косово не е подготвено за компромис. А компромисот според Вучиќ би бил Здружението со извршни овластувања, ништо помалку“, пишува Шериф Рамабаја во колумната „Решавачки дуел меѓу Албин Курти и Вучиќ?“.

АЛМАКОС: Алијансата за Албанците пред историска одлука

„Помеѓу двете опции што ги има оваа партија, да одбие учество во Владата или да стане дел од неа. И двете опции носат придобивки, но и ризици. Но, војната во Украина, енергетската криза, но и економската, сакаат стабилна Влада, со одговорни кадри, а не нови избори кои државниот буџет и граѓаните го чинат милиони евра. Значи, имајќи ги предвид сите овие случувања, ситуацијата нужно ѝ наметнува на Алијансата да влезе во оваа влада, така да кажано отворено, Алијансата мора да и каже ДА на владата.“, пишува во едиторијалот „Алијансата за Албанците пред историска одлука“.

АЛБАНСКИ ТЕАТАР

Од 16 до 27 ноември, во Скопје се одржува „Албански театар Моисиу“ во чии рамки ќе бидат поставени претстави од Албанскиот народен театар од Скопје, Националниот театар на Албанија, Националниот театар на Косово и Националниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“.

Фестивалот се одржува со целосна поддршка на Министерството за култура, млади и спорт, Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура на Република Албанија. Фестивалот ќе биде годишен и ќе се организира секој ноември во ротација Скопје, Тирана, Приштина.

Д. Тахири

Извор: Цивил медиа

Албански медиуми Албин Курти Александар Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.