Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полското обвинителство нема да дозволи украинско учество во истрагата за ракетниот инцидент

0
By Ана Василевска on November 21, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
По падот на проектилите во Полска
По падот на проектилите во Полска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2022 12:31

Полското обвинителство нема да дозволи украински експерти да се приклучат на полско-американската истрага за ракетната експлозија во селото Пржеводов, бидејќи нема законски основи за тоа, пишува денеска полскиот весник „Жечпосполита“.

„Не постои таква законска можност и тоа би било спротивно на правилата за водење постапка, дотолку повеќе што се проверуваат сите можни верзии за инцидентот, вклучувајќи ја и онаа дека се работи за ракета на украинската противвоздушна одбрана“, велат за „Жечпосполита“ извори од Обвинителството.

Две лица загинаа во вторникот во полското село Пржеводов, при експлозија на ракета што погоди складиште за жито и усмрти работник и земјоделец кој донел пченка за откуп.
Истрагата по случајот ја води Полското обвинителство заедно со американски истражители чие учество, според сознанијата на Жечпосполита, било ограничено само на предавање доверливи разузнавачки податоци од системот АВАКС.

Украина од почетокот бара во истрагата да бидат вклучени и нејзини експерти, особено откако претседателот Володимир Зеленски и украинските служби до викендот тврдеа дека руска ракета паднала врз Полска, а не украинска, испукана да ја пресретне руската, како што  соопштија полските власти, американската администрација и НАТО.

Полското обвинителство им дозволи на украинските експерти само да го разгледаат местото на инцидентот, а полскиот претседател Анджеј Дуда предупреди дека за вклучување на Украина во истрагата и за пристап до доказниот материјал мора да постои правна основа, согласно меѓународното право преку меѓудржавна правна помош.

„Едната можност е барање за правна помош според билатерален договор, а другата е да се формира меѓународна група истражители, за која одлучува главниот обвинител во Полска“, изјави шефот на Бирото за национална безбедност на Полска, Јацек Шевјера.

Војна во Украина Полска ракетен напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.