Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СМС од Родригез и Тарантино

0
By Ана Василевска on November 21, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, КОМЕНТАРИ
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2022 11:33

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Знаев дека тоа што во рамките на своите хигиенски протоколи, не гледам, не слушам и не читам ништо што има сонценце како препорака, демек што е произведено во Македонија, ќе го зголеми интензитетот на чувството кога на еден или друг начин веста за нешто ќе се пробие до моите уши полесно отколку руски дрон врз украинска болница.

Седам така во „Тренд“, сркам од кафето оросено со цимет и од некаде ми доаѓа нотификација дека е формиран Судско-медиумски совет.

Уф, уф, уф, јебо те бог, да те јебо, што е сега ова!?

Така си реков, жими мајка.

И дека единството на споените тела во тој коитус, е екипирано со влажни, пардон важни, личности од двете фели.

Ех, мој Тричко, си реков, кај беше ваков орган кога по триесет пати годишно те судеа за душевните болки што со своите писанија им ги предизвикуваше  на најистакнатите македонски будали и хохштаплери, лудаци, министри, претседатели, премиери, лидери на партии, попови…

Или кога тебе те напаѓаа со крстосувачките ракети на органската македонска глупост и злоба, завист и крволочност.

Со кои би можел да се наполни „Иконата на морињата“ на „Ројал Карибиан Интернешенел“, наспроти страдања на сите говњари во македонските медиуми.

Кои би можеле да се соберат во едно охридско кајче со томосче на газот.

Ги исклучувам тука, се разбира, страдањата на Кежаровски.

И на уште еден или двајца колеги/колешки.

Што говори за тоа дека ако не ја сметаме мојата маленкост, имаме највисока светска безбедност во оваа област.

Една проститутка, чии услуги ги користам уште од својата осма година, ми се јави да ме праша дали можам да издејствувам да се формира и Судско-проституциски совет. Без алузии на тоа дека судијките и судиите се проститутки, туку само како интерес на најстарата професија да најде заштита или макар праведен третман во судската власт. Минимум како и медиумските проститутки или макроа. Особено затоа што нивните трауми, насилствата и понижувањата, на кои се изложени во однос на оние што ги доживуваат таканаречените новинари, се како односот меѓу Биљана Ванковска и просечната македонска будала.

Хахаха!

Таман свршив со проститутката, ми се јави Сашо, вика, Тричко, и ние лоповите од голем калибар сме чеда на Македонија, можеш ли да ми објасниш зошто има Судско-медиумски совет, а нема Судско-криминален или, уште подобро, Криминално-судски. Какво е тоа фаворизирање на една професија која, бај д уеј, е усрана толку многу што и тука во затворот во Струга, смрди повеќе отколку во штабквартирата на вмро-дпмне.

И така, нема кој не ми се јави.

Луѓето бараат да се формира Судско-министерски совет.

Рашковски, наводно, бил кандидат за претседател.

Судско-пратенички.

Судско-алкохоличарски.

Еден стар пијандура ми вика: Тричко, бе, стара кајло, после проститутките најзагрозени сме ние пијандурите, така ли е или не е така, ти си по алкохолот, знаеш како е тоа.

Судско-медиумскиот совет е резултат на илузијата дека проблемите не постојат надвор од нашата претстава за нив.

Чиста поза.

Разликата меѓу нашата свест за стварноста и стварноста како таква е драстична.

И дека проблемите можеме да ги решиме така како што еден лош режисер решава една театарска претстава.

Кој со своите скромни имагинации и амбиции мисли дека ги решава, не проблемите во театарот, туку во животот.

Тоа е Судско-медиумскиот совет.

На ист начин нашата култура, а пред сè јазикот, нè впушта во решавањето на корупцијата, на говорот на омразата, на идентитетот и на сите други работи.

Јазикот и културата се дебела мембрана меѓу нашите сфаќања и реалноста на животот.

Ние живееме во балонот на самоизмамата.

Во кој пластиката е јазична.

Главниот хендикеп на нацијата.

Нашата единствена татковина!

Здружението на новинарите, Советот за етика (замислете какво тело) Синдикатот, се ќерамиди во покривот на медиумската куќа, но покривот протекува, внатре е влага, мемла, и смрди. Смрди толку многу, што ништо не може да се реши со никаков Судско-медиумски совет.

Обратно, како и со ЗНМ и со другите тела, само ќе се легитимира една парада како нов амбиент во кој проблемите ќе продолжат да зреат и да ги даваат своите отровни плодови. Тие органи се машини за самопромоција.

Организации кои бенигните проблеми на таканаречените новинари ги третираат како бензински пумпи во кои точат гориво за своите болиди.

Осудуваме…

Хахаха!

Тие инсталации се како нацистички тела кои сакаат да учествуваат во обнова и спас на еврејската заедница.

Како што бркањето на лажните вести и говорот на омраза не го решава, ниту може да го реши, проблемот на разорената културна-професионална и морална основа од која извираат.

Туку мора да се оди на обнова на самата основа.

Тоа е како Чави да бара решение за лошите настапи на Барселона во мерењето на должината на гаќите на фудбалерите.

Ние си ја бркаме претставата.

Не проблемите.

Нашиот став е дека претставата ќе ги реши проблемите.

Мислиме дека решението е да пронајдеме форма во која ќе ги набутаме или да чекаме други да најдат рамка во која ќе ги набутаат и проблемите и нас со нив.

Не знам каква е уставната втемеленост на оваа хибридна инсталација.

Тоа мешање на области.

Тоа е како Собранието да формира Бандитскопратенички совет за измените во Кривичниот закон.

Што ќе прави и како ќе прави оваа тело (СМС) со уништената професија.

Предметот на нивната работа не постои.

Нема медиуми, нема новинари, има инсталации кои се претворени во чудовишта како оние на Родригез и Тарантино во филмот Фром даст тил Дон.

Без Селма Хаек додека игра на некаков подиум.

Хахаха.

Проблемот е окрутно поголем, подлабок и потежок.

Треба да се урне целата зграда.

Медиумите се керчки мост на македонската окупација.

Стрелачки вод пред македонското општество и држава.

Пред нацијата.

Тоа е.

Јебо вас Совет.

Освен ако не е за ебење.

Или оној на Трајко.

Ја обожавам таа будала.

Можеби навистина не нè бива за држава, но затоа нè бива за медиуми кои ќе ја произведат, рашират и втемелат таа претстава.

И тука претставата е над стварноста, но помага стварноста да се убие.

Специјални операции и други опасни заебанции.

Вмро.

Да ви ги ебам светите букви.

А и прегорените.

Тоа е.

Хахаха.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ВМРО-ДПМНЕ ЗНМ медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.