Author: Ана Василевска

Светските лидери се собрани оваа недела во Египет на 27-те годишни разговори за климата на Обединетите нации, познати како КОП27, за да се борат со климатската криза, во услови на други итни предизвици кои се закануваат да ги повлечат и онака неадекватните чекори за да ја оддалечат глобалната економија од фосилните горива, пренесува Њу Јорк Тајмс. Руската инвазија на Украина финансирана со продажба на руски гас, го вознемири глобалниот енергетски пазар и ја поттикна инфлацијата, што повлече дополнителна потреба од зголемено дупчење во потрага по  нафта и гас. Сиромашните земји кои страдаат од климатските ефекти се сè повеќе фрустрирани од богатите земји…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Во Брисел, како седиште на ЕУ и НАТО внимателно се очекуваат резултатите од денешните избори во САД. Најавата за повторното враќање на Трамп и „трампизмот” и неговото мото „Америка пред се”, создава нервоза во европските престолнини по две основи. Прво, во однос на актуелната поддршка за Украина и нејзината одбрана од руската агресија. Кевин Мекарти, потенцијалниот спикер во Конгресот пред еден месец рече, доколку победат републиканците нема да има „бланко чек“ за Украина. Претходно, 11 сенатори лојални на Трамп во американскиот Сенат гласаа против пакетот за воена помош за Украина од 40 милијарди долари, иако поголемиот број…

Read More

„Конечно после 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме“, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателите на парламентарните партии. Тој додаде дека земјава последните пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер. „Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време…

Read More

„Конечно после 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во средбата со претседателите на партиите. Тој додаде дека земјава последните пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер. Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на…

Read More

Турските власти вчера му забраниле влезе во земјата на префектот на грчката област централна Македонија Апостолос Ѕиѕикостас и претседател на Европскиот комитет на региони, откако со траект од Солун пристигнал во Измир, каде што требало да претседава со Евро- медитеранско собрание, а за целиот случај реагираше и Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, по пристигнувањето во Измир, Ѕиѕикостас останал неколку часа на пристаништето и не му бил дозволен влез, му рекле дека постои забрана, но без притоа да му биде објаснета причината. Од грчкото МНР го осудија „неприфатливото и целосно неоправдано…

Read More

ЕСМ  вчера произведе 14.007 мегават часови електрична енергија, во Термоелектраните произведени се 8.891 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.116 и  целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети. Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199.830 мегават часови  електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи. Според советникот на премиерот за енергетика…

Read More

„Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли,  Агенцијата ја спроведува секоја година.“, информираат од АГВ. Како што информираат од АГВ, од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на…

Read More

Во интервју за Фронтлajн, директорот на „Македонски железници Инфраструктура“,  Хари Локвенец,  говори за стратeшкиот Коридор 8, кој е од интерес за локалната економија, но и за геостратeшко поврзување на т.н. проект „Три мориња“, како и поврзување на три земји члeнки на НАТО. Коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими. Локвенец вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегува со 250 милиони наменети пред се за патната но и за железничката инфраструктура од Коридорот 8. https://www.youtube.com/watch?v=_UWtju_Gaf8 „Во буџетот, во проекцијата, многу сериозно се…

Read More

Земјите во развој се соочуваат со неповратна штета од климатските промени, а направија малку за да ја предизвикаат кризата. Тие сега бараат компензација од земјите што ги сметаат за одговорни: побогатите нации кои испуштаат половина од сите гасови што ја задржуваат топлината од 1850 година и создадоа загадување што опасно ја загрева планетата, пренесува Њу Јорк Тајмс. Оваа дебата ќе биде оваа недела во центарот на 27-те Годишни разговори за климата на ОН, познати како КОП27, кои беа отворени вчера во Шарм ел Шеик, Египет. Сајмон Стил, шефот на ОН за клима, рече дека одлуката да се вклучи ова прашање на агендата…

Read More

Во Музејот на современата уметност – Скопје, утревелер во 20 часот  ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“. Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Уметници чии дела ќе бидат изложени на оваа поставка се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Северна Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ (Северна Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. „Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО (YASNO), главниот снабдувач со енергија во Киев. Ова е многу и тоа е виша сила“, рече тој. Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во…

Read More

По повод 13 Ноември – Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани писатели за учество на манифестацијата да се пријават и да испратат по една своја литературна творба (песна, расказ, есеј, пиеса), зашто сите пристигнати прилози по читањето – ќе бидат објавени во посебно дигитално тематско издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија. Пријавите и прилозите можат да бидат доставени до 10 ноември, на мејлот на Друштвото на писателите на Македонија: drustvonapisatelimk@gmail.com Манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи на…

Read More