Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нациите во развој со порака на КОП27: Загадувачи, плаќајте

0
By Ана Василевска on November 7, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 7, 2022 12:37

Земјите во развој се соочуваат со неповратна штета од климатските промени, а направија малку за да ја предизвикаат кризата. Тие сега бараат компензација од земјите што ги сметаат за одговорни: побогатите нации кои испуштаат половина од сите гасови што ја задржуваат топлината од 1850 година и создадоа загадување што опасно ја загрева планетата, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Оваа дебата ќе биде оваа недела во центарот на 27-те Годишни разговори за климата на ОН, познати како КОП27, кои беа отворени вчера во Шарм ел Шеик, Египет. Сајмон Стил, шефот на ОН за клима, рече дека одлуката да се вклучи ова прашање на агендата „добро ветува“ за компромис до крајот на самитот.

Но, политичката волја е ограничена. САД и ЕУ стравуваат дека таквиот надомест може да стане неограничена одговорност. Минатата година, богатите нации ветија дека ќе обезбедуваат 40 милијарди долари годишно до 2025 година за да им помогнат на посиромашните земји со адаптација. Извештајот на ОН проценува дека оваа сума е помалку од една петтина од она што им е потребно на земјите во развој, поттикнувајќи ги повиците за одделно финансирање за справување со последиците од климатските катастрофи.

„Она што го бараме не е милостина, не милостина, не помош – туку правда“, рече во септември Билавал Буто Зардари, министер за надворешни работи на Пакистан.

Подготви: Д. Мишев

Извор Цивил медиа

Загадување природни катастрофи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.