Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед е потврден во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. За Република Северна Македонија е особено значајно што кредитниот рејтинг кој е резултат на спроведувањето на добрите политики е задржан во услови на големо влијание од глобалната ценовна и енергетска криза. „Фич“ во извештајот наведува дека почетокот на интегративниот процес со ЕУ ќе ја зацврсти политиката, ќе го поддржи извозот и…
ЏАБИР ДЕРАЛА Врзете ги појасите, Берлинскиот процес се враќа! Приказната, започната во 2014 година под „диригентската палка“ на германската екс-канцеларка Ангела Меркел, по неколкугодишното затишје, добива нова енергија и нови перспективи. Барем така се најавува. Подновен со нови идеи, ете, и со јавен повик до младите за креирање ново лого и обновен оптимизам и уверувања дека Западен Балкан не е заборавен. И дека Берлинскиот процес е единствениот долгорочен, сигурен и сеопфатен проект со кој се обезбедува регионална соработка и системско пристапување кон ЕУ. Берлинскиот процес започна амбициозно во 2014 година, но со текот на времето, го изгуби фокусот, а потоа и сосема стивна. Некои…
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на M15 турнирот во Ираклион, Грција. Во четири меча Калин оствари 4 победи, без изгубен сет. До пласман во финалето стигна со победите против двајца чешки тенисери Jiri Jenicek (6-4 ; 6-3) и Jakub Nicod (6-4 ; 6-4), со победа против германскиот тенисер Marlon Vankan (6-3 ; 6-1), а само што заврши и полуфиналниот меч во којшто нашата голема тениска надеж извојува победа против Andrea Guerrieri од Италија (7-6 ; 6-3). Во утрешното финале најверојатен противник на Ивановски ќе биде првиот носител на турнирот, Sebastian Gima од Романија. Ацо Лукароски
Претседателот на владејачката партија, Димитар Ковачевски, од граѓанската трибина „Силоно и одлучно кон иднината“ во Прилеп, истакна дека СДСМ 31 година е на вистинската страна на македонската држава, од независноста, преку членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па се до успехот со признавањето на Македонска црква, а сега и признаен македонски јазик. -Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во…
Властите на кинескиот град Шангај денеска наредија масовно тестирање за Ковид-19 на 1,3 милиони жители на централната област Јангпу. Тестираните не смеат да го напуштат нивниот дом до добивањето на резултатите. Слични мерки беа воведени и за време на летото, кога дојде и до двомесечно затворање на целиот град од 25 милиони жители. Кина не се откажува од строгата политика за сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Антиковид мерки се воведени низ целата земја, од Шангај на исток до Тибет на запад. Во земјата најавени се и протести поради строгите карантински мерки. Во Кина денеска имаше регистрирано 1.337 нови и главно…
Директорката на ЈП Лајка Радмила Пешева, во работни часови во текот на денешниот ден, предводела туристичка група од Србија во центарот на Скопје, велат читатели на Нова ТВ кои се јавија во редакцијата. Според зборовите на читателите, не е прв пат директорката Пешева да биде во улогата на туристички водич, надвор од работното место во ЈП Лајка. Побаравме одговор од Пешева која вели дека не се вистинити тврдењата на граѓаните кои ја виделе во улога на туристички водич, но потврди дека не била на работното место во Лајка. „Не е точно дека сум била со туристичка група но денеска замав…
Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Повеќе скопски училишта веќе трет ден добиваат закани за поставени бомби на училишните мејлови.
АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 7.587 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.399 MWh. Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) и понатаму се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика. Во РЕК Осломеј заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано.
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Верувам дека знаете што значи кога во политика некоја елита (а таквите елити најчесто се десни, конзервативни и блокирачки) нè плаши со „бугаризација“, или кога, пак, ни вели дека нашиот мајчин јазик вусшност и не е наш, туку е комплот од неколку јазични наречја и идиоми кои припаѓаат на некоја друга држава? Жално е што нашиот мајчин, македонски јазик, денес, овде, тука и сега, не се препознава преку најпознатите наши писатели кои на македонски јазик творат и го афирмираат јазикот, туку македонскиот јазик го препознаваме преку пцовките на пцујачите од ВМРО-ДПМНЕ. А може ли да очекуваме нешто друго…
Регулаторниот завод за енергетика на Албанија (ЕРЕ) денеска донесе одлука за цената на струјата за ноември и декември со која домаќинствата кои ќе трошат повеќе од 800 киловат часови електрична енергија месечно ќе плаќаат поскапа струја. За овие потрошувачи зголемување на цената на енергијата е за 4,4 пати, па така наместо по 9,5 лека, ќе плаќаат по 42 лека за киловат-час. Цената на снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите кои трошат над овој лимит ќе биде предмет на периодично разгледување, по оценувањето на промените во продажната цена на електричната енергија за крајните потрошувачи на универзалната услуга, се наведува во соопштението. …
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, со кого разговараше за соработката со НАТО, во рамките на политиката за воена неутралност на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на средбата посочил дека е многу важно да има редовен дијалог меѓу претставниците на Србија и претставниците на политичките и воените структури на Алијансата, што придонесува за зајакнување на меѓусебната доверба. „Претседателот Вучиќ рече дека припадниците на КФОР имаат важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста, како и во заштитата на Србите и другите неалбански заедници на Косово…
„Потпишувањето на договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди. Но слично и со членството во НАТО, слично како и за започнувањето преговори со ЕУ, единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не честитаа на овој државен успех. Тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ“, вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. https://www.youtube.com/watch?v=5GQRWxLZE04&t=14s Костовски посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите подбуцнувања на…