Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг на „Фич“ „ББ+“ со негативен изглед, потврда за доброто владеење на макроекономските политики

0
By Ана Василевска on October 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 29, 2022 15:38

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед е потврден во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“.

За Република Северна Македонија е особено значајно што кредитниот рејтинг кој е резултат на спроведувањето на добрите политики е задржан во услови на големо влијание од глобалната ценовна и енергетска криза.

„Фич“ во извештајот наведува дека почетокот на интегративниот процес со ЕУ ќе ја зацврсти политиката, ќе го поддржи извозот и приливот на странски директни инвестиции, со што ќе се избалансираат негативните влијанија од конфликтот во Украина.

Агенцијата предвидува дека интензивирањето на ефектите на енергетската криза и очекувањата за контракција во еврозоната да влијаат врз растот на македонската економија, кој ќе остане во позитивна зона, а со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, подобрување на надворешната побарувачка, како и со постепената фискална консолидација се очекува растот на економијата да забрза и да достигне 3,2 проценти од БДП во 2024 година.

„Фич“ предвидува зголемување на странските директни инвестиции до 4 отсто од БДП во 2022 година поради континуираните инвестиции во енергетскиот и автомобилскиот сектор.

Според „Фич“ владините реформи, како и поддршката на ММФ преку Линијата за претпазливост и ликвидност (PLL) ќе ја зајакнат фискалната консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот. Усвојувањето на новиот Закон за буџети ќе придонесе за зајакнување на фискалната рамка на земјава преку воведување фискални правила и формирање фискален совет.

Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година наведува дека мерките што ги презема Владата како одговор на ценовната и енергетската криза во износ од 750 милиони евра, ќе влијаат врз буџетскиот дефицит во 2022 година, кој Агенцијата очекува да се намали од 2023 година со повлекување на потребата од мерки за поддршка на населението и компаниите. Исто така и во однос на државниот долг „Фич“ очекува тој да достигне 55,2 проценти од БДП до крајот на оваа година и 56 отсто од БДП до 2023 година.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Претходно, кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“ на „ББ-“ со стабилен изглед.

БДП Кредитен рејтинг „Фич“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.