АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 7.587 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.399 MWh.

Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) и понатаму се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.

Во РЕК Осломеј заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано.