Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе скопски училишта веќе трет ден добиваат закани за поставени бомби на училишните мејлови.