Author: Ана Василевска

На свеченоста на отворањето на воздухопловната база во Кучово, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши истата ја оцени како привилегија и знак на доверба кон Албанија, но исто така и „богатство за целиот регион“. Најави дека беспилотните летала „Бајрактар“ во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување во блиска иднина, додавајќи дека мора да „бидеме подготвени бидејќи се може да се очекува од источниот фронт“. -Кучово ќе служи како главна воздухопловна база, инвестицијата нема да запре до создавање на флота во служба на нашиот народ и сојузниците. Беспилотните летала Бајрактар во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување…

Read More

ТОНИ ПОПОВСКИ Пласираниот симулакрум кон противкандидатот Пендаровски за неговата „понизност“, со која според Силјановска, „ја урнисал нашата преговарачка позиција“, кулминира со директно префрлање за понизност на Пендаровски кон меѓународната заедница. Тука реалноста е сосема спротивна, имајќи го во предвид суштинскиот ангажман на Пендаровски за нашето зачленување во НАТО, отфрлањето на првиот француски предлог (заедно со Владата) како недвосмилена одлика на храброст и одлучност. Препознавањето и критичката анализа на политичките тактики е од суштинско значење за одржување на информирано и ангажирано граѓанство во демократските општества вклучувајќи го и македонското, кое сеуште е во фаза на демократско матурирање. Притоа, клучен предуслов за…

Read More

Во последните месеци, Белгија протера десетици руски „дипломати“ прогласени за виновни за шпионажа, објави белгискиот премиер Александар де Кро. На хартија тие се „дипломати“, но знаеме дека се занимаваат со шпионажа, истакна тој во интервју за локалните медиуми. -Во неколку наврати, Белгија претрпе кибер напади, особено кога искажуваше став против Русија. Белгиските безбедносни служби се сомневаат дека многу често има кампањи за дезинформации организирани од Русија, истакна Де Кро. Тој објави дека биле пронајдени врски меѓу руски официјални лица и белгиски воен човек од екстремната десница, кој упатувал закани кон властите за време на пандемијата на Ковид и кој на…

Read More

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Битола. Како што највуваат од владината прес-служба, Џафери ќе ги посети Ректоратот при Универзитетот Св.„Климент Охридски“, Педагошкиот факултет, Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ и Студентскиот информативен центар. Предвидено е техничкиот премиер Џафери да ги посети и НУ „Завод и музеј“- Битола – Спомен соба на Кемал Ататурк, како и Музејот на aлбанската азбука. 

Read More

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов. Во главните улоги на 7 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. За првпат во главните улоги на…

Read More

Министерството за надворешни работи на Мексико ги отфрли обвинувањата дека земјата сака да се приклучи на БРИКС, додавајќи дека со интерес го следи развојот на ситуацијата. „Поради наводите кои кружат во медиумите за наводната понуда на Мексико да се приклучи кон БРИКС во 2024 година, Министерството за надворешни работи објавува дека оваа изјава е неверодостојна. Мексико нема поднесено барање за приклучување кон групата, но со интерес го следи развојот на ситуацијата, поради економската тежина на земјите членки и билатералната трговија што нашата земја ја води со членките“, соопшти Министерството. Претходно, некои медиуми во Мексико објавија дека земјата има намера да…

Read More

Комисијата на ЕУ ги суспендираше исплатите на Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестинците (UNRWA) на еден месец откако израелската влада обвини дванаесет нејзини вработени за соработка со радикалниот исламистички Хамас. Хамас, кој ЕУ исто така го класифицира како терористичка организација, го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници. Терористичкиот напад предизвика голема израелска воена операција во Појасот Газа, во која, како што се посочува, загинаа повеќе од 30.000 палестински цивили. Хамас одбива да се откаже од вооружената борба против израелските војници и да ги ослободи заложниците киднапирани во Газа. Прво…

Read More

Во  албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот  на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база. -Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот прв лет на свеченото отворање на новата воздухопловна база на НАТО денеска во Кучово, ви посакувам добра недела,  пишува Рама. Веста за отворањето на воздухопловната база на НАТО во Кучово, што е прва…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика западните партнери на Украина да најдат политичка волја да му ги обезбедат на Киев потребните воени залихи или светот ќе се соочи со „една од посрамните страници на историјата“. Зеленски апелот го испрати во време кога американскиот пакет воена и друга помош е блокиран поради несогласувања во Конгресот. Како што војната влегува во третата година, руските сили направија мал напредок на околу 1.000 километри од линијата на фронтот, иако борбените линии малку се променија во последните месеци. Зеленски, во редовното вечерно видео обраќање истакна дека светот мора „цврсто да реагира“ за да се…

Read More

Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова викендов и официјално добија партиска поддршка за кандидатурите за претседател на државата, но и од граѓаните, откако ги собраа потребните 10 000 потписи.  Седум кандидати за претседател на државата досега се потврдени со граѓански потписи, а постапката продолжува за уште четворица и ќе заврши на 8 март на полноќ. СДСМ вчера информираше дека во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. Поддршката за Пендаровски владејачката партија синоќа ја потврди и на Конгрес. И…

Read More

После незаборавниот концерт на Зарина Првасевда во рамките на “Светско, а наше”,  продолжува и оваа сабота  со квалитетна светска музика. На ред се етаблираните и потврдени Фолтин кој настапуваат вечерва во поткровјето на „Јавна соба“. Музиката на Фолтин е непредвидлива и предизвикувачка, надреална, страсна и духовита, динамична и полна со изненадувања и спојува многу жанрови, која ќе повика на трансцедентален танц и овој 2. март (сабота). Фолтин постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албуми, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар “Медена Земја” и интернационално најнаградуваниот филм “Исцелител”. Со концертни настапи…

Read More

Телото на Навални најпрво лежеше во отворен ковчег во преполна црква во Марино, јужна Москва, на церемонија на која присуствуваа неговите родители. Ковчегот беше затворен веднаш по богослужбата, што значи дека многумина ожалостени кои сакаа да го поминат не беа во можност да му оддадат последна почит во црквата Богородица Quench My Sorrows. Ковчегот потоа бил пренесен на гробиштата Борисовское, во близина на брегот на реката Москва, каде што биле наредени неколку големи венци околу гробот. „Нема да те заборавиме! и „Прости ни!“ извикаа некои меѓу ожалостените  додека ковчегот пристигна на погреб. Илјадници ожалостени се собраа пред црквата во Москва…

Read More