Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврдени кандидатурите на Пендаровски и Силјановска Давкова, седум кандидати за претседател

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 09:27

Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова викендов и официјално добија партиска поддршка за кандидатурите за претседател на државата, но и од граѓаните, откако ги собраа потребните 10 000 потписи.  Седум кандидати за претседател на државата досега се потврдени со граѓански потписи, а постапката продолжува за уште четворица и ќе заврши на 8 март на полноќ.

СДСМ вчера информираше дека во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. Поддршката за Пендаровски владејачката партија синоќа ја потврди и на Конгрес. И опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така објави дека од 08.00 до 12.00 часот се собрани 12 000 потписи за нивната кандидатка за претседател Силјановска Давкова, за која завчера одржаа и конвенција за поддршка.

Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа, порача Пендаровски, откако на Конгресот на СДСМ доби поддршка за нов претседателски мандат.

Тој оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ  и истакна дека вистинските покажуваат дека СДСМ и Пендаровски ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.

-Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време  се променети, рече Пендаровски.

Упати критики до ВМРО-ДПМНЕ дека нема став за клучните прашања на државата, како што е преговарачката рамка за ЕУ, и оцени дека ја направила најголемата страшека грешка во историјата со бојкотот на пописот.

-Немојте да имате никаков страв, тоа се луѓе кои немаат никави квалитети, имаат само една желба да дојдат на власт и да останат во фотелји. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, пак,  порача дека Пендаровски има јасна визија за просперитет на државата и за нејзина интеграција во Европската Унија.

-Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде претседател за сите.Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме членки на ЕУ, рече Ковачевски.

На претстојните претседателски и парламентарни избори, нагласи, имаме само една шанса да го избереме правецот на државата, дали ќе продолжиме напред кон ЕУ или ќе се вратиме назад во изолација.

-ДПМНЕ нуди само кризи, реваншизам и изолација, да бидеме заглавени нови изгубени години, статус-кво, без промени, без напредок, без иднина. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, посочи Ковачевски.

Пораки за изборни победи и вчера упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Очекувам убедлива победа во првиот круг со предност поголема од 100.000 гласови во однос на второпласираниот Стево Пендаровски, изјави Мицкоски откако се потпиша за кандидатурата на Силјановска – Давкова.

Pres fitore bindëse në raundin e parë me më shumë se 100.000 vota epërsi në raport të të plasuarit të  dytë Stevo Pendarovski, deklaroi kryetari i VMRO-DPMNE-së, Hristijan Mickoski, pas nënsh

Според него, поддршката од граѓаните со над 15 000 потписи собрани вчера само од 8 до 12 часот, е силен индикатор дека граѓаните се одлучни за промени.

Потребните 10 000 потписи досега ги обезбедија  лидерот на „ЗНАМ“  Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски, Билјана Ванковска, кандидат на Левица, како и Арбен Таравари од коалицијата на албанската опозиција „Вреди“.

Првиот круг од претседателските избори  ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори почнува на 4  април, а за парламентарните на 18 април. Во тек е увидот во избирачкиот список.

Претседателски избори 2024 Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.