Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Потребна е политичка волја на Западот за на Украина да и се достават потребните воени средства

0
By Ана Василевска on March 4, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Володимир Зеленски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 09:32

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика западните партнери на Украина да најдат политичка волја да му ги обезбедат на Киев потребните воени залихи или светот ќе се соочи со „една од посрамните страници на историјата“. Зеленски апелот го испрати во време кога американскиот пакет воена и друга помош е блокиран поради несогласувања во Конгресот.

Како што војната влегува во третата година, руските сили направија мал напредок на околу 1.000 километри од линијата на фронтот, иако борбените линии малку се променија во последните месеци. Зеленски, во редовното вечерно видео обраќање истакна дека светот мора „цврсто да реагира“ за да се осигура дека војната ќе стане „безнадежен“ потфат за Путин, кој сака само „војна и смрт“.

– Тие мора максимално да почувствуваат дека постои сила која ги уништува оние што го уништуваат животот. Ние можеме да се погрижиме за тоа. Секој од нашите партнери знае што е потребно“, рече тој. „Главната работа е политичката волја да се направи ова, да ги обезбедиме залихите што ќе бидат корисни, истакна претседателот на Украина.

„Ако ова не е случај, тоа ќе биде една од најсрамните страници во историјата, доколку Америка и Европа загубат од иранските „Шахед“ (дронови) или руски борбени авиони“. Украина, рече тој, „чека залихи кои се клучни и ние чекаме, особено за американската одлука. Навистина е потребна поддршка“.

Претставничкиот дом на САД е под притисок да го усвои пакетот за национална безбедност вреден 95 милијарди долари, кој ќе обезбеди помош за Украина и Израел, како и за Индо-Пацификот. Предлог-законот беше одобрен од Сенатот минатиот месец со 70 гласови „за“ и 29 „против“, но претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се противи на испраќање на нацрт-законот за помош во Претставничкиот дом на гласање.

Володимир Зеленски ПОМОШ ЗА УКРАИНА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.