Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во рамки на Берлинскиот процес во главниот град на Германија денеска ќе биде одржан состанок на министрите за надворешни работи на државите учесници во таа иницијатива. Берлинскиот процес продолжи вчера со состанок на министрите за внатрешни работи на државите учеснички – осум членки на ЕУ, актуелниот претседавач со ЕУ како и претставници на ЕК, и државите од Западен Балкан за борба против илегалната миграција, корупцијата и организираниот криминал. В понеделник е планиран состанок на министрите за енергетика, а сите останати состаноци се подготовка за Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 3 ноември.
„Сите капацитети на државата за производство на струја ги користиме, но за жал ние имаме производствени капацитети стари и по 40 години. Во РЕК Битола најновиот блок е стар 42 години и ако немате редовно и добро одржување тогаш тој систем нема да може да испорача електрична енергија. ТЕЦ Неготино го вклучивме минатата година, таму имало пред 12 години последна интервенција и потоа 12 години ТЕЦ Неготино не работел. Инаку, последните три недели работат двата котли таму и повремено ќе прекинат за да се санираат некои проблеми, но повторно ќе бидат вклучени двата котли. Во РЕК Битола работат двата блока,…
„ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалничката да си замине бидејќи ги излажала. Таа ги излажала, но излажавте и вие. Тука има и ваша одговорност, таа беше ваш кандидат“ рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева до нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андонова во „24 анализа“ на ТВ24. Јанчева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше Арсовска, одеше со неа на терен и славеше победа. „Вие ја промовиравте програмата, кажувате дека и ваши луѓе ја направиле програмата по која работиме и по која треба да се реализираат проекти. Одговорност треба да имате и вие и во најмала рака треба да се извините до…
„Управниот одбор на ЈСП е една од точките кои се избираат на предлог на советниците во Град Скопје. Управните одбори беа на предлог на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со нивни потписи се избрани. Не можам да кажам дека управниот одбор треба да се амнестира за хаосот“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24. Таа додаде дека освен управниот одбор, ЈСП има и надзорен одбор кој е задолжен за контрола над финансикото работење. „Тие требало да укажат дека претпријатието генерира загуби и покрај енергетската криза. Ако ЈСП 2021 година ја завршило со 2…
„Жалам за состојбата во ЈСП и неможноста Градот Скопје да испорача обврска кон вработените, а тие пак кон граѓаните. Не е вистина дека Владата должи, сите обврски на Владата или на МОН, врз основа на извршени услуги за транспорт на ученици или студенти, се подмирени, парите се префрлени. Тоа што некој толкува законски решенија без да ја праша Владата тоа не се обврски. Услугата на ЈСП се дава кон сите скопски општини и одговорноста мора да се побара во управата на претпријатието, но и во раководсвото на Град Скопје“ -изјави вицепремиерот за економија, Фамир Битиќи, во магазинот „Клик плус“ на…
Хакерите од иранската група „Татковинска правда” не престануваат со објавување податоци до кои дојдоа по кибер-нападите врз албанските владини системи. На нивната веб-страница групата објави податоци за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо, како и датумите на излез и влез за него од ТИМС системот. Објавувањето на овие податоци доаѓа откако пред два дена групата објави податоци со наслов „телефонски броеви на Албанците“. На мрежата можете да најдете илјадници телефонски броеви на албански државјани, име, презиме, како и броеви на лични карти, јавија албанските медиуми. Хакерите преземајќи ја одговорноста за кибер-нападите на објава напишаа дека причина за нападот е…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави денеска „Дејли телеграф“. „Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција. Политичкиот уредник на Тајмс претходно на Твитер напиша дека Џонсон ги слуша реакциите, но верува дека тоа е прашање од национален интерес. Резултати од анкета спроведена на почетокот на неделата покажаа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат поранешниот премиер Борис Џонсон да се врати на позицијата лидер на партијата и да ја замени Лиз Трас на премиерската…
Членството во Европската унија и НАТО се темелите на италијанската надворешна политика, изјави денеска италијанскиот премиер во заминување Марио Драги, пред формирањето на новата, десничарска влада. „Ние целосно ги споделуваме европските и трансатлантските вредности и сакаме да продолжиме да ги штитиме и зајакнуваме“, им рече Драги на италијанските дипломати во Брисел. „Овие принципи се уште поважни во кризите низ кои минуваме, од војната во Украина до енергетската криза“, додаде Драги во своето обраќање. Неговите коментари уследија откако Силвио Берлускони, лидерот на партијата Форца Италија, која се очекува да влезе во новата италијанска влада, го пофали неговото долгогодишно пријателство со рускиот…
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја одби поканата на премиерот Албин Курти за средба со лидерите на опозициските партии, што треба да се одржи утре, јави дописникот на МИА од Приштина. Иако кабинетот на Курти, кој информира за поканата упатена до ЛДК, Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК), не објави која е темата за која би се разговарало на средбата, извесно е дека е во прашање агендата на преговорите со Србија, со оглед дека тоа беше главна тема на вчерашната средба на Курти со специјалниот пратеник на САД за косовско-српскиот дијалог, Габриел Ескобар. Портпаролката…
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека „испораките на оружје на ЕУ за Киев ја направија ЕУ активна страна во конфликтот“. Министерството додаде дека земјите кои испраќаат оружје во Украина се „спонзори на тероризмот“. Портпаролката на руското МНР Марија Захарова на брифинг во Москва ги повтори критиките на Русија кон Западот поради испраќање напредно оружје во вредност од повеќе милијарди долари во Украина. Во меѓувреме, членките на Европската унија се договорија за нови мерки против Иран за неговата испорака на беспилотни летала во Русија. Захарова ги нападна и САД. „Вие не сте само соучесници во злосторствата на режимот во…
Британската премиерка Лиз Трас денеска поднесе оставка од лидер на Конзервативната партија, а својата одлука таа ја соопшти пред канцеларијката во даунинг Стрит 10 во Лондон, јавија Би-би-си. Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, што потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се оддржат следната недела, а дека таа ќе остане на местото премиерка се до изборот на нејзиниот наследник. Би-би-си во првичниот коментар на оставката на Трас од функцијата наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи токму вчера таа кажа дека е борец и дека нема…
„Во изминатите години се соочувавме со повеќе кризи кои сериозно го нарушија нормалното функционирање на општеството и државата. Повеќе не се поставува прашањето дали ќе има нова криза, туку каква и со кој интензитет ќе биде следната. Затоа заштитата на критичната инфраструктура, во која спаѓаат сите физички и организациски процеси нужни за нормално функционирање на државата, се национална задача од прв ред“, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на конференцијата „Кон отпорност и заштита на критичната инфраструктура: Регионална размена“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје, во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование. „Размената на најдобри…