Author: Ана Василевска

Стана јасно: во сајбер просторот веќе не сме (само) мета – ние сме оружје за напад врз други. Кон крајот на јуни 2017 година, неколку големи компании – Маерск, ДХЛ, Монделез и други – речиси престанаа да постојат по упадот на вирус познат како „notPetya“. Изворот на „дигиталната инфекција“ беше мала украинска фирма за произвдство на софтвер за сметководство, во чии сервери вирусот го вметнале политички мотивирани напаѓачи со лукава стратегија: така да го дистрибуираат до локалните канцеларии на големите фирми што им биле клиенти. Стана јасно: во сајбер просторот веќе не сме (само) мета – ние сме оружје за…

Read More

Основачите на БиоНТек и главните луѓе за развој на вакцината против коронавирус на Фајзер, Угур Шахин и Озлем Туречи, велат дека вакцината против рак може да биде достапна до 2030 година. Иако брачната двојка научници не се сигурни околу употребата на терминот „лек“, вакцината против рак, што е во развој, би можела да има потенцијал значително да ги третира и да се бори против клетките на ракот, пишува Скај Њуз. Лекарите Угур Шахин и Озлем Туречи пронајдоа нови начини за лекување на ракот, што го припишуваат на нивната претходна работа на вакцина против Ковид-19. Двојката, која успешно помогна во развојот на вакцината…

Read More

Од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата, информира ЈСП. Како што информираат  екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР. „ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во…

Read More

Во Скопје на 26 октомври доаѓа претседателката на Европската комисија , Урсула фон дер Лајен, дознава НОВА од дипломатски извори. Како што дознаваме, целта на оваа посета на првиот човек на ЕК  е да ги поттикне европските интеграциски процеси на државата во оваа скрининг фаза како и да ги охрабри политичките лидери да го реафирмираат државниот консензус за европските интеграции исправен пред предизвикот за промената на Уставот со која, како што предвидува преговарачката рамка, треба да ги вклучи етничките Бугари. Претседателката на ЕК во Скопје, како што информираат дипломатски извори, со себе носи и вести за поддршка за надминување на…

Read More

Високите цени на енергијата кои траат повеќе од една година не доведуваат до зголемени инвестиции во енергетска ефикасност или производство на енергија. Тоа е парадокс што укажува дека ценовната еластичност на понудата не е доволна. Земјите од Западен Балкан се соочени со криза на безбедноста на снабдувањето со енергија. Во некои земји веќе се во тек прекини на струја. Увозната зависност на регионот драстично се зголеми и веројатно нема да се намали наскоро. Многу брзо ќе се потроши фискалниот капацитет на државите кој овозможува субвенционирање на увозот на енергија. Намалување на потрошувачката на енергија, a зачувување на основните животни, социјални…

Read More

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември. „Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, и по неколку…

Read More

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со заменичката на претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посочувајќи на овогодинешниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, беше потенцирано искреното и стабилно пријателство меѓу двете земји. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете земји, за билатералните односи и соработка со посебен акцент на економската соработка, каде се забележува тренд на континуиран раст во однос на претходните години. Во фокусот на разговорите беше членството на Северна Македонија во…

Read More

Кампањата содржи видео сведоштва засновани на вистински приказни на деца кои доживеале сиромаштија, загуба на родители, болест, недостиг на љубов и – кога биле оставени сами на себе да се справат со тешките животни околности – дошле во контакт со правосудниот систем, бидејќи сториле престап или биле жртви на запоставување или насилство.  Со пораката „Јас сум повеќе од она што се случи“ , УНИЦЕФ во соработка со Министерството за правда,  Министерството за внатрешни работи и  Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од  Делегацијата на Европската Унија, отпочнува нова кампања за подигање на свеста за влијанието на психолошките трауми…

Read More

Руската влада во неделата им забрани на корисниците ширум земјата пристап до украинската веб-страница која ги охрабрува руските воени членови да се предадат, пренесува Бизнис инсајдер. Од 4 октомври, страницата наречена Хочу Жит добила повеќе од 2.000 барања од припадници на руската војска да ги напуштат своите позиции и доброволно да им се предадат на украинските сили, објави Киев Индипендент на Твитер. Во превод од руски, Хочу Жит значи „Сакам да живеам“. Украинската државна веб-страница ветува дека ќе се придржува до женевските конвенции за третман на воени заробеници и им нуди на припадниците на руската војска три оброци дневно, правна поддршка и медицинска помош…

Read More

Во периодот од 22 октомври до 2 ноември во македонскиот културен центар во Њујорк ќе биде поставена изложбата „More Bright Than No Light“ на реномираниот уметник Стефан Шашков. Во организација на здружението Номад-Арт Скопје, во изложбениот простор „Gallery MC“ ќе бидат поставени неговите дела кои се инспирирани од амбиенталната музика на музичари како Брајан и Роџер Ино, Роберт Фрип, Харолд Бад, Даниел Лануа, и Мајкл Брук. Секој серијал од овие слики е инспириран од некое од изданијата на овие музичари и ја отсликуваат аморфната природа на нивната музика. Делата претставуваат игра со тоналитети, бои и пристапи. Наскоро се очекува и…

Read More

На 20 октомври (четврток) со почеток во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера. Филмот „Превртено“ е дебитанстки долгометражен игран филм на Иванов и беше премиерно прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка. Овој филм беше во конкуренција за наградата „East of West Award“; и тој момент беше своевидна потврда за сета претходна работа на овој наш филмски автор. Иванов тогаш, не некој начин – ја „завери“ таа потврда, кога со неговиот „Превртено“, малку подоцна, ја освои Наградата за најдобра режија, на фестивалот…

Read More

Британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лавсон, како што објави во видео порака на социјалните мрежи, доби сертификат за положен испит по македонски јазик. https://twitter.com/MatthewLawsonUK/status/1581948415277092864 „Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик“, вели во видео пораката британскиот амбасадор Лавсон.

Read More