Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции, Ковид-19, грип во училиштата во Грција, во пресрет на почетокот на наставата в понеделник Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) објави упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал во училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ преку соопштение, апелираат до учениците и наставниците да се придржуваат до основните мерки како што се редовно миење раце, добро проветрување на училниците, одржување растојание, кашлање и кивање во лактот или во…
Во рамките на посетата на Блискиот Исток на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, можно е на неколку часа да допатува и во Грција, поконкретно на островот Крит и да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја објавија медиумите во Грција, а портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите не ја исклучи можноста Мицотакис и Блинкен да се сретнат в сабота. -Не е исклучено да се случи оваа средба, но кога ќе имаме нешто официјално ќе го соопштиме тоа, кусо одговори Маринакис. Според официјалната програма на грчкиот премиер,…
– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје им ја продолжи мерката притвор за 30 дена на петмината осомничени за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. – Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како…
Одлуката на Советот на Европската унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ. Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи на сила. Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“. Во одлуката се наведува и дека „овие проверки треба да се отстранат до најраниот можен датум што одговара на сезонската промена во…
МВР денеска соопшти дека во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, постапува како и секогаш, согласно законските обврски. – Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај, се вели во соопштението од МВР. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., се појаснува во соопштението, извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање…
Европската Унија има потреба од повеќе сопствени средства, бидејќи во услови на руската агресија врз Украина, кризи и актуелните случувања во Газа, европските граѓани очекуваат стратешки решенија од неа за глобалните прашања, оцени белгискиот премиер Александер де Кро во интервју за бриселскиот портал „Политико“. – Со секој голем предизвик со кој се соочуваме, европските граѓани, дури и оние евроскептичните, чекаат Европа да се справи со тие предизвици, бидејќи земјите сами не можат да го сторат тоа. Ако сакаме да одговориме на тие очекувања, ќе мора да ги пренасочиме нашите приоритети, што неизбежно води до дискусија: од каде пари, изјави Де…
На претседателското место во Судскиот совет повторно се врати Весна Дамева, по пресудата на Управниот суд дека не се образложени причините поради кои таа претходно беше разрешена. Нејзиниот претходник Сашко Георгиев си поднесе оставка од функцијата. Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил Дамева од функцијата, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување, се вели во пресудата којашто Управниот суд вчера ја објави анонимизирано. Во пресудата стои дека оценувајќи ја законитоста на оспорената…
Пет лица во кинески град во близина на Мјанмар се ранети вчера од залутани артилериски гранати преку границата, објавија кинеските медиуми. Властите во Женканг, град во провинцијата Јунан, потврдиле дека залутаното гранатирање од Лаукаи, област во регионот Коканг во Мјанмар, вчера попладне го погодило Нансан, град под негова јурисдикција. Во меѓувреме, како што се наведува, во болница се пренесени петмина повредени. Со години, Коканг во државата Шан во Мјанмар е нестабилен и проблематичен регион. Вооружениот конфликт меѓу армијата на Мјанмар и бунтовничките групи на северот на земјата ескалира на крајот на октомври. Соседна Кина постојано повикуваше на преговори за прекин…
Иранската државна телевизија и официјални лица ги опишаа нападите како бомбашки напади, без веднаш да дадат јасни детали за тоа што се случило. Нападите се случија еден ден откако заменик-шефот на палестинската милитантна група Хамас беше убиен во осомничен израелски напад во Бејрут. Две бомби убиле најмалку 95 луѓе за време на комеморацијата за истакнатиот ирански генерал убиен од САД во напад со беспилотно летало во 2020 година, рекоа иранските власти, додека Блискиот Исток и понатаму е нервозен поради војната на Израел со Хамас. Никој веднаш не ја презеде одговорноста за најсмртоносниот милитантен напад врз Иран од неговата Исламска револуција…
Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип. На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест. – Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ. Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу…
ЗОРАН ИВАНОВ Со сообраќајот нема играње, со патниот, железничкиот, бродскиот, со воздухопловниот посебно иако светските статистики говорат дека според бројот на жртвите од несреќите и согласно динамиката на авиосообраќајот и бројот на патниците на годишно ниво, последниов е најбезбеден, па сепак, кај нас, со оглед на актуелните но и во континуитет повеќегодишни кадровски случување во МАНАВ, во македонската агенција за навигација, државна институција со грижа, нели, за безбедност на македонското небо и на овдешните аеродроми, за сигурност на патниците и на посадите на авионите, а сугерирано во оваа една реченица, како да е крајно време Eurocontrol, европската организација за безбедност…
Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што, доколку биле објавени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година. -„Да го кажев тоа што го знам за двајцата кандидати, тие ќе ги откажеа изборите“ – тоа ми го кажа Џефри во 2016 година, изјави вчера Марк Епстајн за Њујорк Пост, потсетувајќи се на разговорот што го имал со неговиот брат за трката меѓу Трамп и Клинтон за претседател во 2016 година. Сепак, инвеститорот Марк (69) одби да даде повеќе детали, велејќи дека неговиот брат никогаш…