Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Турската лира го достигна своето најниско ниво во однос на американскиот долар и вчера се тргуваше за 29,70 лири за долар. Економистот Алатин Акташ изјави за дневниот весник „Џумхуриет“ (Cumhurriyet) дека се очекува годинава курсот на доларот да порасне на околу 40 лири за долар. Инфлацијата во Турција во ноември достигна 61,98 отсто, објави Фена. Турскиот институт за статистика се очекува денеска да ги објави официјалните податоци за инфлацијата за 2023 година. Турската централна банка во декември ја зголеми референтната каматна стапка за 250 базни поени на 42,5 отсто со цел да се спречи девалвација на лирата и да ја…
Во текот на 2023 година Северна Македонија продолжи со реализацијата на својата втора стратешка определба по членството во НАТО – зачленувањето во Европската Унија. По 15 месеци, на почетокот на декември земјата го заврши скрининг процесот со ЕУ, како прва фаза од преговарачкиот процес што започна во јули 2022 година, а неговото завршување беше предуслов за премин во втората фаза – преговорите по поглавја и кластери. Уште на почетокот на ноември земјава доби покана од шпанското претседателство со ЕУ да ги достави патоказите за владеењето на правото, реформите во јавната администрација и функционирањето на демократските институции и Акцискиот план за…
Видеото во овој прилог прикажува само еден мал дел од деструкцијата што само во текот на денешниот ден (2 јануари 2024), ја предизвика рускиот ракетен терор врз цивилни цели во повеќе градови и населени места низ Украина, вклучувајќи го и главниот град, Кијив. „Таргетирање на цивилни цели во војна е воено злосторство. Путин води неиспровоцирана геноцидна војна против независна и суверена Украина“ – е ставот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, кои издадоа соопштение веднаш по интензивирање на руските ракетни напади на 29 декември 2023. Фото и видео материјал обезбеден со љубезна поддршка од Амбасадата на Украина во Северна Македонија. ЦИВИЛ…
Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени. Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс Холмквист. Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори. Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени. Исто така, издаде…
Четири чамци со вкупно 147 мигранти и бегалци се закотвија на малиот италијански остров Лампедуза, со што станаа првите што пристигнаа оваа година, објави италијанската новинска агенција АНСА. По транспортот на 650 лица од островот, 352 баратели на азил утринава остануваат во привремениот центар за сместување мигранти. По наредба на префектурата Агриџенто, 300 лица подоцна денеска со патнички траект ќе бидат превезени до Порто Емпедокле на островот Сицилија. Според информациите на италијанското Министерство за внатрешни работи, во земјата во 2023 година влегле 155.754 мигранти, меѓу кои повеќе од 17.000 малолетници без придружба. Ова претставува зголемување од 50 отсто на бројот…
ЗОРАН ИВАНОВ Да им се чуди човек на медиумите и на нивните уредниците што предизборно толку навивачки инвестираат во актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој премиер ќе биде никогаш и тоа, кажано просто и во оваа една реченица, поради една многу едноставна причина според која човекот досега воопшто не понудил ниту европска ниту било каква друга визија за државата освен премиерскиот сон за себе што јасно и по стоти пат се покажа и од содржината на неговото новогодишно обраќање во кое повикува на обединување без притоа, како и мал милион пати досега во своите јавни настапи, да каже, да посочи, да…
До 2 јануари, 515 деца се убиени во Украина како резултат на руската инвазија, објави Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина на Телеграм, пренесува Укринформ. „Повеќе од 1.694 деца во Украина настрадаа од целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Од утрото на 2 јануари 2024 година, според официјалните информации дадени од обвинителите за малолетници, загинале 515 деца, а повеќе од 1.179 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина. Од 31 декември 2023-та до 2 јануари 2024 година, убиени се 2 деца, а и повеќе од 10 се здобиени…
Ги охрабрувам наредните власти да извршат уставни измени, бидејќи нема страв од никаква бугаризација, а после тоа Бугарите не можат да нѐ блокираат од аспект на нивните анахрони барања, изјави професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ. Во новогодишното интервју за Вистинската Телевизија ВИСТЕЛ, професорот Шкариќ даде свое видување околу уставните измени потенцирајќи дека прифаќањето на промените на Уставот со впишување на Бугарите не значи бугаризација на Македонија. – Идниот состав на Собранието ќе ги прифати промените на Уставот со впишување на Бугарите, тоа не значи бугаризација на Македонија, и после тоа треба да се размислува за нов Устав, бидејќи сегашниот…
Белгија од вчера официјално го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ најавувајќи амбициозна програма за завршување на законодавните процедури пред истекот на актуелниот мандат на европските институции и подготовка за транзиција кон новите тела на Унијата што треба да се формираат по изборите за Европарламентот на почетокот на јуни. Но, наспроти претседавањето со Унијата, политичкото внимание на Белгија се повеќе се насочува кон еден друг настан – изборите во земјата закажани за 9 јуни, на кои заедно со новите белгиски европратеници, ќе се бираат и членови на Претставничкиот дом на Федералниот парламент, како и на регионалните парламенти на Брисел, Валонија и…
Палестинското Министерство за образование соопшти дека најмалку 4.037 ученици и 209 образовен персонал се убиени од почетокот на бруталната израелска агресија врз опколениот Појас Газа на 7 октомври, известуваат светски медиуми. Во соопштението објавено минатата недела, од министерството наведуваат дека над 7.259 ученици и 619 наставници биле повредени во опколениот појас меѓу 7 октомври и 26 декември. Министерството и неколку невладини организации фокусирани на образованието објавија дека 352 училишта низ Појасот Газа претрпеле штета, што влијае на образованието на 400.700 ученици. Три гувернерати – Газа, Кан Јунис и Северна Газа се силно погодени, што претставува 74 отсто од вкупната штета, а…
Украинските сили за противвоздушна одбрана во Кијив ги уништија сите 15 јуришни беспилотни летала Шахед, над 60 ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55 и 10 ракети Кинжал, соопшти градската воена управа на Кијив во објава на Телеграм. Во Кијив, на 2 јануари, тревогата за воздушен напад траела речиси шест часа. „Прво, непријателот лансираше околу 15 летала Шахед во главниот град на Украина, а потоа преку 15 стратешки бомбардери Ту-95МС лансираа крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55. Кога крстосувачките ракети стигнаа до Кијив, повеќе од десет авиони МиГ-31К лансираа суперсонични балистички ракети Kh-47M2 Kh-47M2 Кинжал кон главниот град на Украина“, наведува градската воена управа на Кијив. Заклучно со…
Авион полн со патници се запали денеска на пистата на аеродромот Ханеда во Токио. Од видеото на локалната телевизија се гледа како избувна пожарот од страната на авион на Japan Airlines додека се движеше на пистата. Потоа се запали и областа околу крилото. Според Japan Airlines, пожарот избувнал откако авионот се судрил со авион со кој управувала Јапонската крајбрежна стража. Авиокомпанијата потврди дека речиси 400 патници и членови на екипажот во авионот се безбедно евакуирани. Првичните извештаи за авионот на крајбрежната стража велат дека додека пилотот очигледно избегал од пожарот, пет други членови на екипажот првично не биле пријавени. Тие…