Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката Дир: Кијив и Харкив под масовен ракетен напад, благодарност до сите кои помагаат со средства за противвоздушна одбрана на Украина

0
By Ана Василевска on January 2, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 2, 2024 12:34

Украинските сили за противвоздушна одбрана во Кијив ги уништија сите 15 јуришни беспилотни летала Шахед, над 60 ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55 и 10 ракети Кинжал, соопшти градската воена управа на Кијив во објава на Телеграм.

Во Кијив, на 2 јануари, тревогата за воздушен напад траела речиси шест часа.

„Прво, непријателот лансираше околу 15 летала Шахед во главниот град на Украина, а потоа преку 15 стратешки бомбардери Ту-95МС лансираа крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55. Кога крстосувачките ракети стигнаа до Кијив, повеќе од десет авиони МиГ-31К лансираа суперсонични балистички ракети Kh-47M2 Kh-47M2 Кинжал кон главниот град на Украина“, наведува градската воена управа на Кијив.

Заклучно со утрово веќе се знае за 92 ранети и 4 починати лица. Имајќи предвид дека операциите за пребарување и спасување се во тек, бројот на жртви може да се зголеми, велат од МНР на Украина, додавајќи дека објектите чија цел биле на нападите биле сите цивилни.

Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, известувајќи за најновите ракетни напади на рускиот агресор и за украинска противвоздушна одбрана, упати благодарност „до сите кои се на пат да донесат одлука за помош на Украинците“.

„Кијив повторно го нападнаа со крстосувачки ракети; Харкив е под масовен ракетен напад. На сите кои помогнаа со средства за противвоздушна одбрана – голема благодарност за спасените животи; до сите кои се на пат да донесат одлука за помош на Украинците – благодарност за изборот на демократските вредности“, потенцира амбасадорката Дир.

Терористичкиот режим во Москва мора да почувствува дека меѓународната заедница нема да затвора очи пред убиството на цивилното украинско население и уништувањето на украинската критична инфраструктура, велат од МНР на Украина.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

Војна во Украина Лариса Дир ракетен напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.