Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА. -Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ, вели портпарол на Стејт департментот. На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори. -Се надеваме дека на претстојните избори гласачите…
Смртниот биланс од земјотресот во северозападна Кина се искачи на 126 лица, а повеќе од 700 се повредени. Повеќе од 155.000 домови се уништени или оштетени во земјотресот со јачина од 6,2 степени, регистриран вчера, една минута пред полноќ по локално време. Потресот се случи на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу. До 8 часот по локално време, регистрирани се 32 последователни потреси, од кои најголемиот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти покраинскиот оддел за итни случаи. Околу 2.200 лица од противпожарната служба на провинцијата Гансу и 900 од шумската бригада, како и…
Во интервју за Рацин.мк заменик претседателот во Владата и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ вели дека „за среќа, не може да стане збор за прекин на преговорите, тоа задоволство нема да ѝм го пружиме на ДПМНЕ. Маричиќ нагласува дека „поглавјата се отвораат автоматски по уставните измени, без нова политичка одлука и без понатамошни одлагања. Сѐ е веќе предвидливо кога се во прашање нашите интеграции. Точно знаеме што добиваме, а тоа се европска помош за реформите и огромни европски фондови. И точно знаеме дека ништо не губиме. И добро знаеме дека до 2028 година можеме да ги завршиме преговорите со…
Украинското разузнавањето објави интересен документ од руската внатрешна воена комуникација во кој се вели дека руското Министерство за одбрана назначило нов командант на ракетниот крстосувач Москва, кој во тоа време веќе бил на дното на Црното Море, погоден од две украински противбродски ракети Нептун. Поконкретно, како што пренесува Дифенс експрес, украинското разузнавање добило извадок од наредбата од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу бр. 1012 со ознака „Само за сервисна употреба“, издадена на 10 септември 2022 година, според која, предводникот на руската црноморска флота – крстосувачот „Москва“ имал нов командант – Андреј Саватиејев. Капетанот го ослободува од должноста командантот на 68-та бродска бригада…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера. – Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз и ги зајакнуваат контролите за да се спречи заобиколување на веќе воведените санкции. „Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да обезбедиме санкциите воведени од Европа да функционираат на глобално ниво“, додаде украинскиот претседател.
„Кога некој медиум има соодветна соработка со власта, ја поддржува. Кога ќе пукне таа линија на бизнис и власт тогаш веднаш преминува на другата страна. Истите потези што власта претходно ги преземала почнуваат да биднуваат спорни, поставувани во различни контексти дека негативно влијаат. Почнуваат да велат дека власта не знае да ги следи интересите и тн.“ рече професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“. Тој додаде дека во држава со максимум два милиони луѓе со релативно активна публика во смисла на прием на пораките, имаме огромен број на медиуми и телевизии кои се на локално или…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Дека Македонија е на пат да се ослободи од гасот од истокот, односно од Русија и Газпром, говори и учеството на Македонија во проектот Александропули кој опфаќа два мегаподпроекти – Гасниот терминал за ЛНГ, односно втечен гас од САД, Катар, Египет и други земји, и гасната електрана на „прстофат“ до терминалот со капацитет од 800 мегават часови којшто, според бизнис планот на инвеститорите треба да бидат завршени до крајот на 2024 година. Во бурата од информации и коментари за исходот од Самитот на Европската Комисија, според кој заради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ нема да се одржи втората меѓувладина конференција…
Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти. Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат по 1. 200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26 декември. Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, треба да пополнат обрасци за: – основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; -средно образование: Пријава на родител/старател…
Болницата „Камал Адвин“ на северот на Газа, во која израелските војници упаднаа минатата недела кога со булдожер влегоа во нејзиниот круг, повеќе не функционира и пациентите се евакуирани, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација, Ричард Пиперкорн, додавајќи дека меѓу пациентите имало и бебиња. „Колку што разбравме болницата повеќе не функционира“, изјави Пиперкорн, објаснувајќи дека две новородени бебиња биле однесени дома од нивните семејства, додека другите пациенти, вклучително и доенчиња биле евакуирани во болниците „Ал Ахли“ и „Ал Шифа“. Пајперкорн изјави дека наводно многу здравствени работници се во притвор. „Не можеме да си дозволиме да изгубиме ниту една болница“, додаде…
Еден од носителите на изборната листа „Србија против насилство“, Мирослав Алексиќ, изјави дека очекува да се повторат изборите за главниот град во Србија и оцени дека во Белград имало изборна кражба, што претставува врв на сите нерегуларности на изборниот процес. Заедно со Мариника Тепиќ, која е и носител на таа изборна листа, штрајкуваше со глад и изјави дека до дополнително известување ќе остане пред зградата на Републичката изборна комисија. „Градската изборна комисија синоќа одби да го стави на дневен ред барањето на листата ‘Србија против насилството’ за откажување на изборите на ниво на Белград. Овде не се спомнува избори, ова…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото интервју за „360 степени“ на МТВ рече дека доколку тој и неговата партија дојдат на власт се подготвени да го ризикуваат евроинтегративниот процес на земјата и тој никогаш да се оствари. Запрашан за противењето на неговата партија за гласање на уставните измени и како тоа може да значи нови 10 години блокада Мицкоски одговори дека тоа може да биде и повеќе. „Може да бидат и сто години и никогаш да не се случи“ рече Мицкоски. Ваквиот став на лидерот на опозицијата само укажува дека тој и ВМРО-ДПМНЕ свесно ги блокираат европските интеграции на…
Министерството изготвило и до Владата доставило Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила, соопштија денеска од Министерството за здравство, ќе имаат надоградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата дала согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема, согласно Извадок од Нацрт-записникот од 180-та владина седница одржана на 22 август 2023 година. – Министерството за здравство информира дека ја утврди потребата за набавка на нови амбулантни…