Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андревски: Кога ќе пукне линијата на бизнис меѓу медиумот и власта, медиумот веднаш преминува на другата страна

0
By Ана Василевска on December 19, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, ОПШТЕСТВО
Живко Андревски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 19, 2023 11:52

„Кога некој медиум има соодветна соработка со власта, ја поддржува. Кога ќе пукне таа линија на бизнис и власт тогаш веднаш преминува на другата страна. Истите потези што власта претходно ги преземала почнуваат да биднуваат спорни, поставувани во различни контексти дека негативно влијаат. Почнуваат да велат дека власта не знае да ги следи интересите и тн.“ рече професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во држава со максимум два милиони луѓе со релативно активна публика во смисла на прием на пораките, имаме огромен број на медиуми и телевизии кои се на локално или на национално ниво. Според него, нацијата не може да произведе толку кадри, одлични водители на контактни програми, и на тој начин професијата новинар се обезвреднила бидејќи барала многу луѓе да влезат во неа. Истите тие имаат можност да се пазарат со сопствениците за својата плата, статусот, перспективата и сл.
„Медиумите не се на класичен медиумски пазар каде што и рејтингот и уделот во програмата се битни за економското и севкупното медиумско постоење. Сопственикот може многу брзо да го замени конкретниот новинар со понеквалитетен и тоа да не влијае врз економското функционирање на куќата, рејтингот во јавниот простор“, истакна Андревски.

Тој констатираше дека вкупната целина на односите во општеството се такви што овозможуваат сопствениците да владеат.

„Да бидам социолошки крут – ние сме уште во првите 30 години во првобитна акумулација на капиталот во која сопствениците ги земаат правата што им припаѓаат и што не им припаѓаат. Професијата ќе си постои и ќе си бара своите шанси. Она што ме загрижува е што еден дел од новинарите што имаат капацитет да бидат автори, им се случува со големо задоволство да застапуваат нечии политички идеи. Знам новинари кои биле под притисок и кои се труделе да го зачуваат професионалното ниво“, заклучи Андревски.

дезинформации Живко Андревски медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.