Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Северна Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите во земјава. – Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Северна Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера…
Новиот полски премиер Доналд Туск се обидува да го убеди својот унгарски колега Виктор Орбан да го поддржи почетокот на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, изјави полскиот министер за европски прашања Адам Шлапка. „Вчера… имаше краток разговор со премиерот Орбан“, изјави Шлапка во Брисел. „Се бориме се да заврши со добар договор… ЕУ мора да даде многу јасен сигнал и се надевам дека тоа ќе се случи“, додаде Шлапка.
Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители по нејзината претставка за дискриминација поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа. -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители. Во време кога е…
Израелската армија објави четиричасовна „тактичка“ пауза во борбите во населбата Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Четиричасовната пауза е за „хуманитарни цели, за да му се овозможи на цивилното население да ги надополни резервите со храна и вода“, соопшти денеска на платформата Икс (поранешен Твитер) израелскиот тело одговорно за контакти со Палестинците. Прекинот на борбените дејства е ограничен на населбата Ал Салам во Рафа. Градот има граничен премин со Египет, кој се користи за транспорт на хуманитарни материјали за цивилното население во блокираниот крајбрежен појас.
Германскиот канцелар Олаф Шолц по пристигнувањето во Брисел на самитот на Европската унија изјави дека на Кијив не може да му се одвојат големи суми пари од европскиот буџет, но сепак треба да се сигнализира поддршката на блокот за Украина. „Нема да станува збор за одлука за многу големи дополнителни трошоци. Сепак, има нешто важно: мораме да успееме да го овозможиме финансискиот механизам за Украина и на тој начин да и дадеме основа да го продолжи својот отпор против руската агресија, рече Шолц. Тој го коментираше и прашањето за проширување на Европската унија, посочувајќи дека блокот треба да и помогне…
Вложувањето во културализам и етиката е клучно за креирање здраво и одговорно општество, смета универзитетскиот професор и социолог Али Пајазити во изјава за „Градска.мк“. Но, вели тој, не е проблем кој може да се поправи со некоја делумна интервенција на одредени стручни лица. Според него, ваквите настани зборуваат за длабоката криза на вредностите што ја доживуваме, за мочуриштето, моралната кал во која се наоѓаме како вид, како човештво, дека одиме кон колективна бездна. „Овој феномен, значи егзекуција за пари, може да го наречеме зомбификација или манкуртизација; како што е познато, Манкуртите не препознаваат име, семејство, племе, па дури ни себеси…
Да не се самозалажуваме и да ги залажуваме граѓаните за промени во однос на Преговарачката рамка или во процесот на проширување, затоа што на крајот од тоа нема да има корист за никого. Ова го порача денеска во Брисел премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето на МИА за коментар на синоќешната изјава на претседателот на Европскиот совет дека иако проширувањето е процес базирана на заслуги, сепак во носењето одлуки за него мора да се води сметка за комплексноста на ситуацијата во Европа. – Апсолутно тоа е изјава која што претседателот на Европскиот совет не ја кажува првпат, туку ја…
Дебатата за проширувањето може дополнително да биде попречена од барањето на „Пријателите на Западен Балкан“, кои бараат Босна и Херцеговина да се третира под исти услови како Украина и да и се даде шанса да ги отвори пристапните преговори. Поплаките ги остави дипломатите во Брисел да се прашуваат како да го квадрираат кругот и да го спречат унгарското вето да го разнесе дводневниот самит. Официјалните лица признаваат дека треба да се постигне некаков договор на крајот од состанокот, дури и ако разговорите треба да се продолжат до викендот. Преговарањето е подготвено да биде интензивно и скршено: јужните земји како Италија…
Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека ако пораката од Брисел на крајот на изборната кампања била дека ќе мора да се признае независноста на Косово, тоа нема да се случи. -Ако сакаа да кажат дека Србија ќе мора да ја прифати независноста на Косово, јас им велам дека нема, а сега можеби ќе најдат некој кој ќе го прифати, па можеби и ќе победат. Сосема е јасно кога ќе ги погледнете надворешните фондации кои плаќаа поединечни партии, ќе ви кажат не за избори, туку за проекти, рече Вучиќ коментирајќи ги заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за поглавјето…
На 16 декември (сабота) со почеток во 19 часот, во Аудиокултура, ќе се одржи промоција на новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, г. Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата извонредни пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова. „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и…
Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време. Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.000 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.000 денари. Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, aа некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните…
Во Скопје денеска почна регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“. На конференцијата се обрати и министерката за одбрана Славјанка Петровска која посочи дека Северна Македонија континуирано работи на целта за влез во Европската Унија. -На патот кон ЕУ ни претстојат многу задачи и обврски. Сите знаеме дека Северна Македонија е исправена пред предизвикот На усвојување на уставните измени кои за жал до овој момент не се усвоени, порача министерката. На конференцијата ќе се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање…