Author: Ана Василевска

На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан мировниот договор за Босна и Херцеговина, познат и како Дејтонско-Париски договор. Договорот го потпишаа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман од Хрватска и претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ. Тој документ со кој беше потврден мировниот договор претходно постигнат на 21 ноември во американската воена база Рајт Петерсон во градот Дејтон, Охајо, заврши војната во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Read More

По повод најновото унгарското противење на членството на Украина во ЕУ германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно со квалификувано мнозинство да донесуваат повеќе одлуки во Европската унија, особено кога станува збор за проширувањето. -Јас сум за тоа повеќето одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и оние за процесот на пристапување. Националните парламенти ќе го имаат последниот збор, но една земја повеќе нема да може да го блокира секој чекор, рече германскиот канцелар. Повеќето земји-членки на ЕУ сакаат на самитот неделава да се донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Украина и да се одобрат…

Read More

Блокирањето на уставните измени, а со тоа и на непречениот пат на Северна Македонија кон Европската Унија, одат во прилог на антизападните струи, кои се пред сè поттикнати од Русија, за дестабилизација на регионот и негово оттргнување од патот на евроатлантските интеграции, оценуваат политичките аналитичари, коментирајќи ја деструктивната улога на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во евроинтеграцискиот процес на земјава. – Кочењето на ЕУ преговорите секако е чекор кој е дестабилизирачки. За тоа нема никаква дилема! Мислам дека Левица, не ги крие своите антипатии кон Западот и склоност кон Русија. ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да излезе со конкретна понуда за ЕУ интеграциите во текот…

Read More

Европската Унија ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ и повикува на забрзување на процесот на пристапување, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови и  принципот на индивидуални заслуги е во заеднички интерес, се наведува во нацрт завршната Декларација на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел на која учествува и премиерот Димитар Ковачевски во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. – Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат…

Read More

Тринаесет претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово. Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, покажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји, а експерти од областа на образованието го анализираат исходот од тестот. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Ора инфо:…

Read More

Со растечката загриженост во Киев за посветеноста на нејзините западни сојузници да ја финансираат нејзината одбрана од руската инвазија, Туск во вторникот рече дека Полска ќе се залага за континуирана поддршка. По долгогодишни спорови меѓу Варшава и Брисел за време на претходната влада, предводена од партијата Право и правда (ПиС), назначувањето на поранешниот претседател на Европскиот совет, Туск, ги зголеми надежите за поблаги односи со остатокот од Европската унија. Во говорот пред парламентот во вторникот, Туск вети дека ќе обезбеди милијарди евра за Полска кои беа замрзнати од ЕУ поради загриженоста за владеењето на правото. Сепак, неговата задача може да…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Да ве потсетам колку многу ме исмеваа пред години кога реков дека Албанците се сериозен народ, единствениот народ кој знае што сака, а тоа е Европа. За разлика од, како што се нарекуваат самите ботови на Мицкоски, „етнички Македонци“ кои појма немаат кој пат да го фатат. Пред да ја развиеме погорната теза, сакам да кажам дека јазикот на национализмот е јазик на омраза; тој, јазикот, не може без непријател, без конфликт, без војна. Обидете се да најдете некој пример во нивната „верност кон нацијата“ а да не се зборува за загрозеност, да не се зборува за нејзините…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ 800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава. 800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во…

Read More

Во Националната опера и балет денеска беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на Националната установа Џез оркестар на Северна Македонија. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање рече дека со потпишувањето на овој договор се прави последниот чекор во подготовките за непречено да започнат градежните работи во Домот на НУ Џез оркестар. -Откако оваа нова национална установа со одлука на Владата доби трајна адреса во рамките на овој објект, со одлука на Владата истo така беа обезбедени 10 милиони средства од ТАВ програмата за целосно реновирање на просторот во достоен Дом на џезот, рече…

Read More

Советот на ЕУ и Европскиот парламентот денеска постигнаа привремен договор за формирање нова Управа на Унијата за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот (АМЛА), кој ќе има за цел да ги штити граѓаните и финансискиот систем на блокот од перењето илегални пари и од обезбедувањето финансиска поддршка на терористите. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно договореното, АМЛА ќе има надзорни овластувања над високоризичните субјекти во финансискиот сектор. Засега не е договорно каде ќе биде седиштето на оваа институција, прашање кое треба да биде усогласено во следните фази од усвојувањето на регулативата. Се предвидува АМЛА да…

Read More

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на конфискуван имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. -Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, соопштуваат денеска од Агенцијата. Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Големо Курило на КО…

Read More

Време е ЕУ да ги отвори вратите за Украина, Молдавија и за земјите од Западен Балкан, побара денеска шпанскиот премиер Педро Санчез во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур по повод претстојниот крај на претседавањето на неговата земја со Советот на ЕУ. Санчез изрази надеж дека шпанското претседателство ќе заврши со почеток на преговорите со Киев. -Се надевам дека наскоро ќе го прославиме повлекувањето на руските сили од Украина и траен чесен мир во оваа земја која се бори за својата и за нашата слобода, рече шпанскиот премиер.

Read More