Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема Европска влада без Албанци

0
By Ана Василевска on December 13, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Ненад Јовановиќ
Ненад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 13, 2023 13:20

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Да ве потсетам колку многу ме исмеваа пред години кога реков дека Албанците се сериозен народ, единствениот народ кој знае што сака, а тоа е Европа. За разлика од, како што се нарекуваат самите ботови на Мицкоски, „етнички Македонци“ кои појма немаат кој пат да го фатат.

Пред да ја развиеме погорната теза, сакам да кажам дека јазикот на национализмот е јазик на омраза; тој, јазикот, не може без непријател, без конфликт, без војна. Обидете се да најдете некој пример во нивната „верност кон нацијата“ а да не се зборува за загрозеност, да не се зборува за нејзините непријатели. Ако го најдете таквиот пример, имено, ве частам десетка со кромид. Би ве частел и книга – со враќање (книги дадени на читање се враќаат или книги се купуваат, книги не се поклонуваат!) – да речеме книгата „Уна и Селинџер“ на Фредерик Бегбеде, ама, пак, кој денес чита книги?

Потајно, „етничките Македонци“ очекуваа, ние од граѓанскиот дел на Македонија (тоа ви е оној дел на Македонија што има „јазик како чорапа“) да ја осудиме коалицијата СДСМ и ДУИ. Не само што нема да ја осудам, туку ја поддржувам. Албанците се сериозен народ, способни се да направат вистинска политичка елита која знае што сака. И каде сака да оди. Оттука, за разлика од „етничките Македонци“ на Мицкоски, Албанците имаат за кого да гласаат.

Додека „етничките Македонци“ на Мицкоски се обидуваа да ја претстават СДСМ и ДУИ како одвратна коалиција, притоа уживајќи во таквата гадост, ВМРО-ДПМНЕ се спрема да направи харикири на следните избори.

На крајот, сè се сведе на тоа, дали Алабнците сакаат коалиција со Мицкоски, ако овој, нели, добие 61 „чист пратеник“. Таквата математика е еднаква на нула – Албанците влегуваат во коалиција со СДСМ на Ковачевски. Отворено, јасно и недвосмислено ни велат – „ние не сакаме влада со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“. Уште и премолчено им велат: ние не сакаме влада со криминална група која има за цел да ја затвори земјата и ги блокира Европските интеграции. Им велат, цело време им велат, ако овие вистински умеат да читаат. Им рекоа, отворено, јасно и недвосмислено: поддржете ги Уставните измени, ние ќе одиме во опозиција. Ниту тоа успеаја да го прочитаат. Мицковци никого не слушаат, ништо не читаат, и затоа не знаат кој пат да го фатат. Конфузни, дезориентирани, избезумени, секогаш спремни само за едно: омраза и насилство.

Имено, Албанските лидери денес одлучија, што би се рекло, со кого може да го движат бродот кон Европа. Паметни се, гледаат со кого може да го развиваат мултикултурниот дијалог на земјата, паметни се, сфаќаат дека карактерот на Македонија е мултиконфесионален, интеркултурален. Сфаќаат дека кога Македонија е широка и отворена, има простор и за нив, како што има простор и за нивните интереси. Ако „етничките Македонци“ се залагаа како што Албанците се залагаат денес за Европа, ние немаше да бидеме во овој ќумез. Без Албанците, не може Македонија да оди во Европа. И ова никој не би требало да го заборави.

Меѓутоа, тие сакаат Македонија да ја претстават како човек што до глава е преполн со говна. И додека тоне во говна, уште сакаат да ни кажат дека говната стигнаа до устата. Таквиот човек е загледан во sвездите, притоа ја распламтува својата фантазија и своите соништа. Фасциниран со sвездите од знамето на Европа, сонува за Русија. Каков луд апсурд на „етничките Македонци“.

Да привршуваме, ќе бидам краток и јасен.

Добро е што Талат Џафери ќе биде премиер во техничката владата која треба да организира избори во земјава. Добро е што СДСМ и ДУИ влегуваат заедно. А зошто е добро? Добро е затоа што во конфликтот на национализмот нема победник. Национализмот е како ебола: во конечноста, сосема е неважно кој прв почна затоа што работите непрекинато се шират во омраза и насилство. Заразените со национализам и сами ќе се заразат. Во конечноста, како со национализмот така и со еболата, исходот е смртоносен.

Ако постои Македонски национализам, се поставува прашањето дали постои Албански национализам. Се разбира дека постои. Само што денес Албанците во земјава не прават нешто кое создава закана за дома и за соседите. Никој територијално не е загрозен од Албанците. „Етничките Македонци“ на Мицкоски направиј сè само за да се одделат од Албанците, да маркираат територија, така што се обидуваат да покажат дека Албанците нив не им се потребни.

Како што никогаш не сум го поддржувал концептот „Голема Албанија“, така никогаш нема да го поддржам концептот на Мицкоски „Сите Македонци во една држава“.

Паранојата е еден од тајните имиња на сите национализми. А на самиот крај, сакам да им кажам дека сега доаѓа делот во кој нема да им се допадне на националистите. Уште од Фројд, од неговите анализи за случајот Шребер, знаеме дека постои блиска врска помеѓу паранојата и потиснатата пасивна хомосексуалност.

Мислете малку околу тоа, драги националисти. Или уште подобро, читајте за тоа.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Европска влада Коалиција со ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.