Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управа на ЕУ ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот

0
By Ана Василевска on December 13, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 13, 2023 12:11

Советот на ЕУ и Европскиот парламентот денеска постигнаа привремен договор за формирање нова Управа на Унијата за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот (АМЛА), кој ќе има за цел да ги штити граѓаните и финансискиот систем на блокот од перењето илегални пари и од обезбедувањето финансиска поддршка на терористите.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно договореното, АМЛА ќе има надзорни овластувања над високоризичните субјекти во финансискиот сектор. Засега не е договорно каде ќе биде седиштето на оваа институција, прашање кое треба да биде усогласено во следните фази од усвојувањето на регулативата.

Се предвидува АМЛА да ја зајакне ефикасноста на рамката за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, преку создавање интегриран механизам со националните контролни тела за да се обезбеди почитување на обврските по ова прашање од страна на финансиските институции. Дополнително, АМЛА ќе има задача да пружа поддршка на нефинансиските сектори и да ги координира службите за финансиско разузнавање во земјите членки на ЕУ.

Покрај надзорните овластувања, АМЛА ќе има надлежност и да изрекува парични казни за сериозни, систематски или континуирани прекршувања на правилата за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Управата, исто така, ќе следи дали финансиските субјекти имаат воспоставени внатрешни политики и процедури за да се обезбеди почитување на воведените санкции за замрзнување и конфискација на имотот.

Со АМЛА ќе раководи Главен одбор, составен од претставници на телата за супервизија и агенциите за финансиско разузнавање од сите земји членки на ЕУ, како Извршен одбор, составен од претседател и пет независни членови со полно работно време.

Во следната фаза договорениот текст на одлуката за формирање на АМЛА ќе биде доставен на одобрување до претставниците на земјите членки и Европскиот парламент. Доколку тие ја одобрат одлуката, таа ќе треба формално да биде изгласана од Советот на ЕУ и Европарламентот.

Борба против тероризмот и перење пари ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.