Author: Ана Василевска

Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостување денеска во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ, рече дека МВР максимално посветено ќе постапува за се што Јавното Обвинителство ќе побара од нив. Тој додаде дека во истрагата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, МВР следело стандардни оперативни процедури. -Истрагите во двата случаи се почнати и водени…

Read More

За борбата против корупцијата неопходно е етичко лидерство во самите институции, мора да се инсистира на навремени истраги и на правосилни пресуди. Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во овој процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“. -Деновиве, како што знаете, заврши скринингот за степенот на усогласеност на македонското законодавство со европското. Очекуваме во овој процес да бидат децидно дијагностицирани сите наши системски пропусти и недостатоци и да биде даден патоказ за понатаму. Меѓутоа, општ заклучок е дека…

Read More

Руските трупи не можеа да окупираат ниту едно украинско село за време на целосната инвазија на Русија на Украина оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американскиот ТВ канал Fox News. „Мислам дека ни беше толку тешко да го направиме, но мислам дека најважното нешто да се разбере… Русија не окупираше ниту едно село, ниту едно украинско село во текот на оваа година“, рече тој. Според Зеленски, Украина има само еден непријател – Путин. „Ние имаме само еден непријател: тоа е Путин и тоа е тоа. Ние навистина ја браниме демократијата и навистина ја браниме слободата“, додаде тој. Зеленски, исто…

Read More

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска е домаќин на Пленарната конференција, со која ја одбележува шестата година од нејзините активности, на тема „Национална конвенција за Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“, во организација на Европското движење во РСМ. Најавени се воведни обраќања на претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир. На првата панел дискусија „Владеење на правото-темелна општествена вредност: Патоказите и патиштата кон излезот од распаќето“, на агендата испратена од Европското движење во Република Северна Македонија, меѓу другите се и Кренар Лога, министер за правда, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Александар Кржаловски, директор…

Read More

Според видео снимката од инцидентот, Браун грабнал црвен противпожарен апарат и гасел свеќи на менората. Облак од чад, магла и бел прав ја исполни областа. Екстремно десничарски пратеник во полскиот парламент синоќа ги изгасна свеќите на менора што беше запалена за еврејскиот празник Ханука, создавајќи нарушување и скандал додека новата про-ЕУ влада ја започнува својата работа. Екстремно десничарски пратеник во полскиот парламент во вторникот ги изгасна свеќите на менора што беше запалена за еврејскиот празник Ханука, создавајќи нарушување и скандал додека новата про-ЕУ влада ја започнува својата работа. Сите главни политички сили брзо го осудија инцидентот без преседан на Гжегож…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во Осло на средба со лидерите на пет нордиски земји, што се меѓу главните донатори на Украина во војната против Русија, соопшти норвешката влада. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе изјави дека му посакал на Зеленски „топло добредојде во Норвешка“ и додаде дека Норвешка „ќе продолжи да ја поддржува одбраната на Украина“.

Read More

Планот за раст за Западен Балкан ќе биде едно од главните прашања за кое ќе стане збор на самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Брисел, како и на самитот на ЕУ кој почнува утре. Ова дополнително финансирање е важно за натамошен напредок со постепената евроинтеграција на регионот и за него се поставени услови, а тоа е напредок во реформите. Во ЕУ „нема бесплатни пари“, вели во интервју за МИА амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија. -На состанокот на Советот за општи работи во Мурсија, беше спомнат Планот за раст во контекст…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е, по многу нешта, нова појава во македонската политика. Нејзината појава, нејзините одлуки и начинот на кој ја разбира културата и културните политики ја прави Костадиновска-Стојчевска интересна соговорничка. Иако е често присутна во јавноста, министерката Костадиновска-Стојчевска секогаш има нешто ново во агендата. Секако, интересно е да се слушнат нови информации за некои од старите „болки“ на културните институции, како што е реконструкцијата на Универзалната сала, културата во контекст на човековите права, неколку нови законски решенија и низа други важни теми што ѝ ги постави Фронтлајн на македонската министерка за култура. ФРОНТЛАЈН: Министерке, после долги перипетии,…

Read More

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија На 9 декември 1948 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид. Тоа што се појави овој меѓународен документ е голема заслуга на специјалистот за меѓународно право Рафаел Лемкин, кој всушност го именуваше ова злосторство, а воедно и беше првиот што ги анализираше злосторствата на сталинистичкиот режим против Украинците. Делата на Рафаел Лемкин за советскиот геноцид во Украина беа вклучени од кремљ во таканаречениот „федерален список на екстремистички материјали“. Неизнесувањео пред лицето на правдата на виновните за претходниот геноцид врз…

Read More

На заедничкиот самит следната недела, Европската унија јасно ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да ја почитуваат политиката на санкции против Русија. Во нацрт-декларацијата што треба да се усвои на крајот на самитот се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога било. Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ на 13 декември ќе се сретнат со своите колеги од шест земји од регионот на редовниот годишен самит ЕУ-Западен Балкан. -Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и заедничка одговорност. Додека ја продлабочуваме соработката…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Со ова дополнително толкување како мислат да го реализираат ветувањето од 5000 денари линеарно и наеднаш, Димитриеска Кочоска само потврди дека сега во партијата се обидуваат да објаснат нешто што тешко се објаснува, односно дека е наивно да им се верува во небулозните ветувања на ВМР0-ДПМНЕ дека над 300.000 пензионери ќе добијат по 5.000 денари линеарно покачување на пензиите. По реакциите на јавноста и на стручните институции дека е небулозно ветувањето за зголемување на пензиите за 5000 денари наеднаш и линеарно, во интервју во емијата 24 анализа на ТВ24, членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за…

Read More

Според висок функционер во полската претседателска администрација, Доналд Туск, лидерот на Граѓанската коалиција, најголемата партија во коалицијата со парламентарно мнозинство, може да положи заклетва како нов полски премиер на 13 или 14 декември, објавија полските медиуми, пренесе БТА. Војчех Коларски, државен секретар во претседателската администрација, вчера на Католичкото радио објави дека Доналд Туск, кандидатот за премиер предложен од парламентарното мнозинство, може да положи заклетва пред претседателот Анджеј Дуда на 13 или 14 декември. Во согласност со програмата на долниот дом на полскиот парламент, на 11 декември, актуелниот премиер Матеуш Моравјецки ќе го одржи својот програмски говор пред комората. Неговиот предлог-кабинет…

Read More