Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гарсија: Планот за раст за Западен Балкан ќе биде едно од главните прашања на самитот ЕУ-Западен Балкан

0
By Ана Василевска on December 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Хозе Луис Лозано Гарсија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 13, 2023 09:34

Планот за раст за Западен Балкан ќе биде едно од главните прашања за кое ќе стане збор на самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Брисел, како и на самитот на ЕУ кој почнува утре. Ова дополнително финансирање е важно за натамошен напредок со постепената евроинтеграција на регионот и за него се поставени услови, а тоа е напредок во реформите. Во ЕУ „нема бесплатни пари“, вели во интервју за МИА амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

-На состанокот на Советот за општи работи во Мурсија, беше спомнат Планот за раст во контекст на идејата за постепената интеграција. Тоа е дел од идејата. Планот за раст претставува одговор на барањето за распределба на товарот од надминување на разликите во економските системи. Мислам дека претседателката на ЕК Фон Дер Лајен за време на посетата на земјава на 30 октомври спомна дека економскиот развој на државава е на ниво од 42 проценти од тој на ЕУ. Затоа е многу важен и Планот за раст ќе биде едно од прашања за кое ќе стане збор на самитот ЕУ-Западен Балкан, како и на самитот на ЕУ што ќе следи еден ден подоцна. Значи тоа ќе биде едно од главните прашања. Ова дополнително финансирање е важно за натамошен напредок со постепената евроинтеграција. И за ова дополнително финансирање поставени се услови, а тоа е напредок во реформите. Тоа е секогаш случај, на условеност со реформите, тоа е дел од „играта“ во ЕУ и тоа не само за земјите – кандидати за членство, туку и за земјите – членки. Пример е фондот за „следната генерација“ каде за да добиете средства треба да направите „ова“ или „она“. Значи во ЕУ „нема бесплатни пари“, вели амбасадорот Гарсија на прашање за коментар за Планот за раст на Западен Балкан на ЕК.

Извор: МИА

Западен Балкан самит ЕУ Хозе Луис Лозано Гарсија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.