Author: Ана Василевска

Вечерта на 15.11.2023, на порталот „4news“ беше објавен сензационалистички наслов: “ФОТО Драматичен апел се шири на друштвените мрежи! “Ова се киднапери на деца во Скопје”. Во написот се објавува фотографија со 5 лица и се цитира „корисник на Фејсбук“, кој објавил „известување“: „ОВИЕ 5 ДУШИ СЕ КИДНАПЕРИ НА ДЕЦА! И се движат моментално околу Скопје, поточно Батинци!“. Час и половина подоцна, истиот портал објави и демант:„МВР: Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации, полицијата ја гарантира безбедноста“, во кој МВР „ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви…

Read More

ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА Првпат го видов пред половина век, како Јане Задрогаз, номинален протагонист во дебитантската, денес антологиска и тестаментарна пиеса на Горан Стефановски. Нови Сад, Стериино позорје, бесконечен и френетичен аплауз, разгалени актери и актерки истопорени на рампата: достоинствената царица Тодорка Кондова (голема дама, секогаш и секаде!), корпулентно змејосаниот  Ацо Ѓорчев со неговите огромни приватни очила од кој-знае-колку диоптрии, тупавите царчиња опортунисти (метафора на секоја власт и „политика“), консеквентно збунетиот народ, машки и женски, облечен во нестварно сценичните костими на Ѓорѓи Здравев… Standing ovations, општата разгаленост трае во речиси бесконечна минутажа. Во еден миг, другар ми Далибор Форетиќ, театарски критичар  со остро око и поган…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден со нова изјава го потврди вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни, тврди Фокус во првата реченица од својот манипулативен текст со наслов „Бајден: Прекинот на огнот во Газа не е мир, војната треба да заврши засекогаш!“. Манипулацијата и произволното толкување во Фокус на говорот на Бајден продолжува понатаму, каде се вели дека Бајден, говорејќи на темата за бомбардирањето на Газа, рече дека „не е за прекин на војната“, иако тој се заложи за завршување на војната засекогаш, и создавање на одржлив мир во Газа. –…

Read More

Нешто помалку од една четвртина од речиси 198,5-те милиони домаќинства во ЕУ или 24,3 отсто во 2022 година вклучувале и деца, при што најбројни се семејствата со по едно дете, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Според податоците на Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, 12,1 отсто од домаќинствата во ЕУ биле со по едно дете, 9,3 проценти со по две деца и три отсто со три или повеќе деца. Во однос на вкупниот број на домаќинства во ЕУ, тој лани се зголемил за 6,9 отсто во споредба…

Read More

Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираме тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела. СДСМ и ДУИ, подвлече премиерот, имаат јасен коалициски договор, а Алијанса за Албанците (АА) има капацитет да разговара за економски просперитетна држава и општество со социјална правда и демократија на највисоко ниво, со слобода на медиумите и владеење на правото, кои…

Read More

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков веќе петти ден молчи и не одговара дали е на егзотично крстарење заедно со секретарот на општината и други лица од кабинетот и кој плаќа за ваквото патување. СДСМ објави дека охридскиот градоначалник заминал на егизтично крстарење и го праша на чија сметка патува и крстари Пецаков. „Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?“ праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција. Одговор од Пецаков…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека реконструкцијата на зградата на „Македонска пошта“ ќе биде со европски фондови, и очекува во догледно време да има предлог до Владата. На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во општина Кисела Вода, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во врска со апелите на евроамбасадорот Дејвид Гир да не се дозволи да пропадне зградата, Битиќи кажа дека веќе има формирано работна група. -Евроамбасадорот во суштина бара да бидеме малку побрзи. Инаку, се работи, има работна група помеѓу…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во рамки на посетата на Босна и Херцеговина денеска се сретна со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто (ХДЗ) и министрите, рече дека тема на разговорот била безбедносната состојба во земјата и регионот. „Загрижени сме поради сецесионистичката поделба и реторика, како и надворешното влијание, особено влијанието на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослабне реформите. Сите лидери мора да работат на единство и напредок“, изјави Столтенберг по средбата со Кришто. Тој рече дека сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ.…

Read More

Во Албанскиот парламент опозицијата продолжува со немири во знак на протест против  одбивањето на мнозинството да формира истражни комисии додека албанскиот премиер Еди Рама денеска најави седница за усвојување на државниот буџет за 2024 година. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во рамки на турнејата на земјите од Балканот, денеска престојува во Косово. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес. АЛБАНИЈА Сури нет: Опозицијата  протестира, Рама ги собира социјалистите во Собранието за да го изгласаат Буџетот за 2024 година Додека пратениците од опозицијата во…

Read More

оветот на ЕУ денеска го одобри Заедничкиот буџет на Унијата за 2024 година, кој беше усогласен со Европскиот парламент  на 11 ноември, во кои вкупните обврски се утврдени на 189 милијарди и 385,4 милиони евра, а вкупните исплати на 142 милијарди и 630,3 милиони евра. Дополнително, како што јави дописникот на МИА, 360 милиони евра се оставени како резерва за евентуални непредвидени потреби на ЕУ. Според Европскиот совет, Буџетот за следната година ги одразува главните приоритети на ЕУ, вклучувајќи ги економското зајакнување, зелената и дигиталната транзиција, како и можностите за реакција во актуелниот сложен геополитички контекст. Европската комисија ја предложи првата верзија…

Read More

Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава. Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје – Бесник Авдија, Основниот суд Битола – Татјана Петровска, Основниот суд Неготино – Билјана Толова, Основниот суд Кичево – Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка – Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп – Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип – Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови. Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.

Read More

Со разбушавена коса, често носи кожени јакни и пеење рок песни на неговите бурни политички митинзи, Милеи – обожавател на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – сака да ја исчисти политиката од она што тој го нарекува „крадци“. Обожавателот на Трамп, 52-годишниот лидер го потресе  политичкиот естаблишмент на Аргентина откако освои најмногу гласови на прелиминарните избори во неделата. Претседателската изборна трка во Аргентина има непредвидлив X фактор: Хавиер Милеи, жесток екстремно десничарски популист кој се појави како најголем победник на прелиминарните избори што се одржаа синоќа. 52-годишниот политичар го искористи разочараноста на луѓето од традиционалниот политички естаблишмент, кој не успеа…

Read More