Author: Ана Василевска
На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци. -Бележиме одличен настап и успех на вината од македонски производители, членови на нашето здружение, на Wine vision by Open Balkan во Белград. Со законски олеснувања, за само неколку години, ја оправдавме довербата и со секој нов саем покажуваме и докажуваме дека македонското вино е нешто на што треба да се гордееме, рече за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. Тој потсети дека бројот на членови постојано им расте а наградите се добиени во конкуренција на многу…
Тој е првиот аутсајдер кој стигнал до претседателската функција и е значително подалеку десничар од кој било кој досега ја извршувал оваа позиција. Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина синоќа , победувајќи го противкандидатот министерот за економија Серхио Маса со 55,69% наспроти 44,31% од гласовите. Екстремно десничарскиот слободарски популист ги освои сите, освен три од 24-те провинции на нацијата, а Маса призна дури и пред изборната власт да почне да ги објавува прелиминарните резултати. Неговото ветување за ненадејна, сериозна промена одекна кај Аргентинците уморни од годишната инфлација која се искачи над 140% и стапката на сиромаштија која достигна…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти. Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО – КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн. Пред доаѓањето на Косово, денеска генералниот секретар Столтенберг својата турнеја низ Западен Балкан ќе ја започне со посета на Босна…
Дебатите за Европа продолжуваат со Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември). Се работи за заедничка иницијатива на Фондацијата С. Фишер (S. Fischer Stiftung) и Германската академија за јазик и литература (Deutsche Akademie für Sprache und Dichtung). Скопското продолжение на дебатите започнува денеска во 18:30 часот во Чифте Амам, Скопје. Дебатите за Европа ќе траат до 19 ноември, а програмата опфаќа јавни панел дискусии и литературни читања, како и интерни сесии, со цел да се истражат нови начини како земјите во Југоисточна Европа се гледаат себеси и едни на други – и како регионот може да одигра конструктивна улога во заедничката европска иднина. Од своето основање во…
Москва сака да посее поделба во украинското општество и да создаде хаос во земјата за да го собори нејзиниот претседател, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ. Украинската новинска агенција се повикува на американската телевизија Блумберг. -Нашето разузнавање има информации што ги споделија со нас и нашите партнери, рече Зеленски. Украинскиот претседател појасни дека станува збор за дезинформациски план што Русите го нарекле „Мајдан 3“ – повикување на централниот плоштад во Киев, што беше епицентар на револуциите во 2004 и 2014 година. Во втората од овие две револуции беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович, потсетува Укринформ. -Мајдан за нив…
ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Се шпекулира, дека оваа опозициска партија намерно нема да истакне свој претседателски кандидат, доколку се оди на посебни претседателски и парламентарни избори. Со тоа би се обистиниле латентните закани дека Македонија би влегла во некаква политичка или уставна криза. Се поизвесно станува дека ВМРО-ДПМНЕ нема на повидок кандидат за претседател со кој ќе се спротивстави на кандидатот на СДСМ или на евентуалниот консензуален кандидат на коалицијата, што и да се подразбира под тоа. Оттаму и можноста за која се шпекулира, дека оваа опозициска партија намерно нема да истакне свој претседателски кандидат, доколку се оди на посебни претседателски и…
Соочени со постојаната закана од руски воздушни напади, властите во регионот Харков, источна Украина почнаа да градат подземни училишта, кои ќе им овозможат на децата безбедно да се вратат на училиште додека продолжува конфликтот со Москва. – Училиштата во регионот со околу 2,5 милиони луѓе, на само 32 километри од границата со Русија, беа принудени да користат онлајн учење по рускиот напад во февруари 2022 година. Две училишта, од кои секое може да прими до 500 луѓе, во моментов се во изградба и ќе можат да издржат директни напади. Овие структури ќе бидат опремени со се што е потребно за…
16 ноември, Меѓународен ден за толеранција Толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност Почит за богатата разновидност на културите Почит за различните форми на изразување и начини да се биде човек Признавање на универзалните човекови права и слободи. Во 1996 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 51/95 со која 16 ноември се прогласува за Меѓународен ден за толеранција. Оваа акција следеше по усвојувањето на Декларацијата за принципите на толеранцијата од страна на земјите-членки на УНЕСКО на 16 ноември 1995 година. Меѓу другото, Декларацијата потврдува дека толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност. Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на…
Нема да се откажеме од намерата и планот да направиме уставни измени што поскоро во мандатот на овој состав на Собранието. Работиме и ќе работиме на тоа до последниот ден од овој мандат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, посочувајќи дека земјата се наоѓа на крајот од првата фаза од преговорите и од нас зависи дали ќе продолжиме понатаму или не. Оваа обврска е од преговарачката рамка, нагласи Маричиќ, и рече дека за жал, не би можеле да отстапиме. – Овој парламентарен состав треба да се одважи и да ја заврши таа обврска, бидејќи ќе овозможи наредниот да биде…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Македонскиот народ, од немање голем предизвик во изборот како да освои нешто добро, од одлична демократска подлога (ако се сеќаваме – споредлива со Словенија) од која можеше да изнегува нова моќ и да се споредува со граѓаните на ЕУ, стигна да се препка на наглостите и инсталираните малоумности во системот од ВМРО-ДПМНЕ. Шест години по нивното корнење на демократската подлога во кулминација на 27 април 2017 г. со крвосување глави во Собранието, денес повторно се силат низ медиумите со „летање глави“ и слични мачо-насилнички шовинистички, националистички, и да, дефинитивно, расистички опсцености на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот приврзок – Левица.…
Таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека како држава ќе ги искористиме сите правни можности кои ни стојат на располагање за нејзино отстранување. – Се работи за нелегално воведена такса која треба да се отстрани или да биде зголемен капацитетот на постоечкиот гасовод со што би се овозможило земјава да се снабдува од други извори. Ние ќе ги искористиме сите правни можности кои и се даваат на една суверена држава и пред ЕУ и пред другите меѓународни институции, рече…
Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си. Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна. Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста. Министерството за здравство на…