Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг денеска на средби со Османи и Курти во Приштина

0
By Ана Василевска on November 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2023 10:09

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.

Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО – КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн.

Пред доаѓањето на Косово, денеска генералниот секретар Столтенберг својата турнеја низ Западен Балкан ќе ја започне со посета на Босна и Херцеговина,  каде што ќе се сретне со високиот претставник на меѓународната заедница во таа земја, Кристијан Шмит, како и со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.

Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница.

Генералниот секретар утре ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Подоцна, во текот на денот, Столтенберг ќе допатува во Република Северна Македонија, на средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери и ќе се обрати на Собранието.

Генералниот секретар на НАТО во среда ќе учествува на состанок со сојузничките лидери од регионот, што ќе се одржи во Тирана.

Албин Курти Јенс Столтенберг Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.