Author: Ана Василевска

Централниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница на која треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на внатрепартиските избори на 30 јуни. Извршниот одбор на СДСМ на седницата одржана на 27 мај донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски. – Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, соопштија од СДСМ. Пред одржувањето на ЦО на СДСМ, кандидатура за иден лидер на СДСМ најави актуелната пратеничка и…

Read More

Илјадници луѓе денеска се собраа на Парадата на гордоста во Ерусалим, која ја предводеа роднините на заложниците заточени во Појасот Газа. Учесниците на Парадата на гордоста скандираа „Сите тие, сега!“, повикувајќи на договор за заложниците со кој би се ослободиле сите што беа киднапирани од палестинските екстремисти за време на терористичкиот напад на 7 октомври врз јужен Израел. На чело на колоната бил поставен транспарент со натпис на англиски јазик „Born to be free“ (Роден да биде салободен). Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид им се обрати на насобраните пред почетокот на парадата, велејќи дека дошол да ги потсети дека…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе побара од сојузниците да ветат минимум 40 милијарди евра годишно за финансирање воена помош за Украина, изјави извор од Алијансата, пренесе БТА. – Треба да го одржиме сегашното ниво на поддршка како минимум, за да обезбедиме предвидливост што и е потребна на Украина онолку долго колку што е потребно, рекол изворот од НАТО, додавајќи дека сојузниците обезбедуваат околу 40 милијарди евра годишно откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во 2022 година. Министрите за надворешни работи на НАТО вечерва се состануваат на дводневна средба во Прага и се очекува утре на работна сесија…

Read More

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата. Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата. Владата, на предлог на…

Read More

Генерацијата на млади Европејци кои станаа активисти додека се уште беа на училиште, сега се на возраст да заземат позиции во политичка функција. Тие започнаа со протестирање заедно со Грета Тунберг на демонстрациите „петок за иднината“; сега тие се кандидати за претстојните избори за Европскиот парламент. Доколку бидат успешни, тие ќе станат некои од 720-те европски пратеници кои, заедно со владите на ЕУ, донесуваат нови закони. Изборите од 6 до 9 јуни доаѓаат во клучен момент кога ЕУ се стреми да ги исполни целите за енергија и клима во 2030 година. Запознајте тројца од новите европски еко-воини од 20-ина години…

Read More

Словенечката влада го усвои предлогот за признавање на државата Палестина и го испрати до Парламентот на конечно одобрување, изјави денеска по седницата на Владата словенечкиот премиер Роберт Голоб. Се очекува собранието да гласа за предлогот следната недела, со што би се комплетирал процесот на признавање на државата Палестина од Словенија, пренесе агенцијата СТА. Голоб нагласи дека одлуката не е насочена против никого, вклучително и против Израел, туку дека тоа е порака за мир. -Убеден сум дека и другите земји ќе го следат овој пример и дека целиот свет мора да работи на мир и решение со две држави, рече тој.…

Read More

Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет. – Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „дојде време“ членките на Алијансата да преиспитаат одредени ограничувања во однос на употребата на оружјето доставено до Украина, додека сојузниците остануваат поделени кога се работи за употребата од нивното оружје на цели во Русија. Столтенберг го изјави ова за време на неформалниот состанок на шефовите на дипломатииите на земјите членки на НАТО во Прага, пред самитот на Алијансата во јули во Вашингтон. Првиот човек на НАТО, во заминување, минатата недела во интервју за „Економист“ ги повика сојузниците да ја повлечат забраната Украина да го користи оружјето на Алијансата при напади врз…

Read More

Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници. – Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој…

Read More

Грција ги осудува неодамнешните напади врз цивили, вклучително и деца, во Рафа, напишаа од грчкото МНР на платформата Икс и повикаа на „темелна истрага која ќе ги расветли точните околности на овој напад“, но и на итен прекин на огнот, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција го повторува својот повик за итен прекин на огнот, почитување на хуманитарното и меѓународното право од сите страни, итен влез на хуманитарна помош во Газа и ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, напишаа од Министерството за надворешни работи на Грција.

Read More

Националниот џез оркестар го најавува следниот настан за оваа сезона – Концерт на Националниот џез оркестар со гостите Џон Рајли (тапани) и, за нас добро познатиот диригент, Зиги Фајгл. Џон Рајли e светски реномиран и признат изведувач, автор и учител, кој соработува со светските водечки џез музичари повеќе од 40 години. Четирикратен добитник на Греми наградата, од вкупно 14 номинации, Џон има реализирано стотици снимки и настапи со Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Стен Гец, Вуди Херман, Џон Скофилд, Џо Ловано, Боб Минцер, Карнеги Хол џез бендот, џез оркестарот Вангард и многу други. Џон е автор на The Art of Bop…

Read More

„Ова е нова реалност на ВМРО-ДПМНЕ, со која покажуваат дека го промениле ставот со кој што излегоа на избори пред граѓаните, и не само што е нова реалност Преспанскиот договор и јасно кажуваат дека ќе го употребуваат уставното име Република Северна Македонија, она што ВМРО-ДПМНЕ долго време го претставуваше како предавство,“ посочи Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, во дебата со Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека тоа е изборна лага која ВМРО-ДПМНЕ им ја направило на граѓаните. Како и дека ги излажало дека сите институции ќе бидат застапувани од страна на македонци,…

Read More