Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот. „Ве известуваме дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот. Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека…
Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу изјави дека Косово ниту прифатило, ниту се согласило со каква било автономија на териториите со етничко српско мнозинство на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Криезиу уследи откако поранешниот премиер, моментално опозициски пратеник, Авдула Хоти, ја пренесе изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за американската телевизија Фокс њуз, дека од Белград е побарано де факто признавање на независноста на Косово, а од Приштина доделување автономија на Србите на северот на земјата. -Ја покажавме нашата подготвеност за максимално почитување на правата на секој член на…
Жена е осудена на смрт во Иран поради прељуба. Таа согласно иранските закони има право на жалба на казната. Смртната казна за прељуба се извршува со каменување. Осудената жена минатата година била пријавена од сопругот во полиција дека таа има афери со други мажи. Тој како доказ доставил снимки од надзорните камери во нивниот дом. Во 2017 година, една жена беше осудена на смрт во Иран за прељуба, но никогаш не беше објавено дали казната е извршена. Меѓу кривичните дела кои се казнуваат со смрт во земјава се прељуба, убиство, силување, вооружени грабежи, киднапирање и трговијата со дрога. Минатата година…
ЦИВИЛ со крајна загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток, по нападот на терористичката организација Хамас во Израел и војната што изби на 7 октомври. На овој терористички акт, Израел одговори со секојдневни жестоки бомбардирања врз Појасот Газа и брутални рации во Западниот Брег, со ужасни жртви меѓу цивилите. Според извештаите на ОН, за 27 дена, од 7 октомври до 2 ноември, убиени се 9.061 Палестинци, вклучувајќи најмалку 3.648 деца и 2.187 жени, а околу 22.240 се повредени. ЦИВИЛ го повторува повикот за итен прекин на огнот и целосно и непречено отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во…
Филмот „Патување пеш“ (The Walk) го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска, кој се занимава со исклучително актуелна и осетлива тема посветена на бегалците од Сирија и Палестина, ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9ти ноември оваа година на DOC NYC – најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Во последните десет години на DOC NYC се прикажувале документарни филмови што потоа ја освоија наградата Оскар.…
Британската Би-Би-Си објави истражување во кое се споменува претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша. Во центарот на истражувањето е „офшор“ компанија наречена Алфа Консалтинг, која помогнала да се создадат неколку компании кои други ги користел блискиот круг на Владимир Путин, пишуваат албанските медиуми. Во Косово, Канцеларијата на Специјализираното обвинителство (СО), преку кратко соопштение за медиумите, потврди дека спроведува тековни операции во истражен процес кој се фокусира на кривични дела против спроведувањето на правдата. Ова се само дел од темите издвоени од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Калѕо -Истрага…
Премиерот Димитар Ковачевски како лажни вести ги оцени тврдењата дека се планира продажба на дел од Македонскиот електропреносен систем оператор – МЕПСО. -Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту,пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Битола. Тој нагласи дека станува збор за компанија во 100-процентна државна сопственост и додаде дека ни…
Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра. Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети кај повеќе од 500.000 корисници на оваа мерка. Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите. Евидентиран е зголемен број на пријави од страна на граѓаните за неиздавање на фискални сметки. Во изминативе четири…
Краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова ќе ја има својата светска премиера на 29-то издание на Фестивалот за краток филм во Леувен, Белгија, кој е и квалификациски фестивал за Оскарите и Европските филмски награди. „Прошетка“ е еден од 35-те селектирани филмови одбран од вкупно пријавени 3240 филма, кој ќе се натпреварува во Европската селекција и тоа и за четири награди: награда од жирито, награда од филмаџиите, награда од публика, како и номинација за Оскарите и Европските филмски награди. – Пресреќна сум што точно една година по снимањето на филмот „Прошетка“ тој ќе ја има својата светска премиера на фестивалот во…
Бомбите, недостатокот на вода, храна, лекови, електрична енергија и оштетенитe патиштата од израелската офанзива го оневозможуваат животот на лицата со посебни потреби во Газа. Животите на 2,3 милиони жители на Појасот Газа се целосно уништени откако Израел го започна своето бомбардирање на опколената територија на 7 октомври, по невидениот напад на Хамас врз армиските пунктови и околните градови во Израел, во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Оттогаш, според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 9.000 луѓе се убиени во бомбардирањето на Израел, од кои две третини се жени и деца, пренесува Ал Џезира. Илјадници згради низ Газа се уништени,…
Апсолутно не станува збор за никакво ново откритие или скандал кој беше објавен од страна на Христијан Мицкоски. Наводите и документите кои беа објавени се дел од документацијата која уште од почетокот на истрагата е предадена на сите истражни органи. Истата документација е во целост предадена и на Анкетната комисија, се вели во реакцијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија-Скопје на наводите искажани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. – Во однос на конкретните обвинувања би сакале во целост да ги отфрлиме обвинувањата. Прво, за ненавременото добавување на лекови и обвинувањата дека намерно не се давани негативни референци за…
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИСОКИ Директорот на Канал 5 телевизија нè потсети на „Началничните“ медиумски невремиња од времето на режимот. Она што може да се направи за поддршка на Исмет Рамадани е да не им се гостува во „директорските“ им емисии. Или да им се одмолчи цела емисија, беше мојот прв кометар за скандалот во Канал 5, што го приреди директорот на телевизијата. На социјалните мрежи и во јавноста следеа реакции најмногу со осуда, но ги имаше и со поддршка и со задршка… Погодувате, Мицкоски излезе со поддршка на Канал 5. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со инцидентот во емисијата „Само…