Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска премиера на новиот филм на Тамара Котевска во Њујорк на најголемиот фестивал за документарни филмови – DOC NYC

0
By Ана Василевска on November 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2023 14:23

Филмот „Патување пеш“ (The Walk) го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска, кој се занимава со исклучително актуелна и осетлива тема посветена на бегалците од Сирија и Палестина, ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9ти ноември оваа година на DOC NYC – најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Во последните десет години на DOC NYC се прикажувале документарни филмови што потоа ја освоија наградата Оскар. Тамара Котевска е најавена како една од десетината специјални гости – автори со нов филм, меѓу кои се Вим Вендерс, Сем Полард, Рамин Бахрани итн. Каледиоскоп категоријата во која е селектиран филмот „Патување пеш“ (The Walk), наречена уште „нови документарни визии“, содржи филмови кои се стремат кон поетски и есеистички филмски израз. Ова е единствен филм во категоријата со светска премиера.

Тамара Котевска

Филмот „Патување пеш“ (The Walk) го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше 2 години, на територија од повеќе од 10 земји.

Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA – искусна продукција од Лондон, два пати наградена со Оскар во документарна категорија.

Еден од поголемите продукциски куќи кои застанаа позади филмот е Participant Media, една од најуспешните американски продукциски компании последниве 15 години, со 18 освоени награди од 73 номинации за Оскар.

Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

„Радосен сум што Агенцијата за филм го препозна овој комплексен проект, на веќе светски реномираната авторка Тамара Котевска, особено кога станува збор за документарни филмови, кои оставаат општествен импакт. Филмот прво го презеде светска продукциска куќа, а Македонија се вклучи во процесот. Уште повеќе ме радува фактот што голем дел од екипата се Македонци со кои сме практично на мапата на светската кинематографија. Им посакувам среќа во Њујорк” – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Европската премиера на филмот се очекува да биде на пролет, на еден од поголемите европски филмски фестивали.

Агенција за филм на РСМ Тамара Котеска филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.