Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска премиера на филмот „Прошетка“ на Елеонора Венинова на фестивалот во Леувен, Белгија

0
By Ана Василевска on November 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Од снимањето на „Прошетка“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2023 12:41

Краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова ќе ја има својата светска премиера на 29-то издание на Фестивалот за краток филм во Леувен, Белгија, кој е и квалификациски фестивал за Оскарите и Европските филмски награди.

„Прошетка“ е еден од 35-те селектирани филмови одбран од вкупно пријавени 3240 филма, кој ќе се натпреварува во Европската селекција и тоа и за четири награди: награда од жирито, награда од филмаџиите, награда од публика, како и номинација за Оскарите и Европските филмски награди.

– Пресреќна сум што точно една година по снимањето на филмот „Прошетка“ тој ќе ја има својата светска премиера на фестивалот во Леувен. Снимањето беше доста сложено затоа што филмот е снимен во еден кадар, без скриени резови и ни беа потребни 95 обиди за да успееме. Всушност конечната верзија на филмот е и последната која ја снимивме на последниот ден од снимање. Ми беше огромно задоволство да работам со прекрасна екипа, која даде сѐ од себе за да направиме одличен филм со многу ограничен буџет, посочи режисерката и сценаристка на филмот, Елеонора Венинова.

Главните улоги ги толкуваат Билјана Драгичевиќ Пројковска и младата Надиа Кирковска, директор на фотографија е етаблираниот македонски кинематографер Фејми Даут, а филмот го продуцира Венинова заедно со Гоце Кралевски преку ТРИ ТОЧКИ продукција.

Филмот „Прошетка“ ја раскажува приказната за мало девојче кое низ разговор со непозната жена се обидува да открие што се случило со нејзината баба.

– Сценариото на многу едноставен начин се занимава со начините на кои вистината може да се артикулира со цел нејзината суштина, колку и да е болна, да стигне на своето место. Тоа е сценарио за важноста на сегашниот миг, мигот-живот, мигот-смисла, за повредувањето и свеста за повредата, намерноста или ненамерноста: за играта и за вистината како игра, за силата и значењето на зборот, вели главната глумица Билјана Драгичевиќ Пројковска.

Сценографијата е на Александра Петкова, костимографка е Жаклина Крстевска, шминката е на Ирена Сенокозлиоска, камера оператор и колорист е Ѓорѓи Клинчаров, дизајнер на звук Дарко Спасовски, монтажер Гоце Кралевски, а композиторка на музиката е Мартина Силјановска. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Три точки и во соработка со ДНФ Филм и Вардар Филм.

Елеонора Венинова македонски филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.