Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Националниот совет им наложи на раководството на БСП и на контактната група да продолжат со преговорите со партиите на Слави Трифонов „Има таков народ“, Маја Манолова „Исправи се! Доаѓаме“ и „Демократска Бугарија“ на Христо Иванов. Одлуката е донесена со 120 гласа „за“ и само еден против, јави дописникот на МИА од Софија. Лидерот на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова истакна дека пред преговарачите има пет приоритети – социјална политика, борба против нееднаквостите, повторна пресметка на пензиите, здравствена реформа и пристап до неа и борба против корупцијата придружена со реформа на судството. БСП јасно стави до знаење дека ќе ја поддржи…
“Би сакал да се заблагодарам на Комитетот на УНЕСКО што ги препозна нашите напори и го одобри предложениот амандман со кој ни се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки“, рече министрот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање на денешната сесија на Комитетот на УНЕСКО. Тој изрази благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. „Драго ми е што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека во сообраќајната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод во Хрватска животот го загубиле десет лица, а 44 добиле лекарска помош во тамошната болница, јави дописникот на МИА од Приштина. Според податоците добиени до пладне од хрватските надлежни органи, косовското МНР информира дека 15 од повредените се здобиле со потешки повреди и некои од нив се во критична состојба. Изразувајќи им сочувство на семејствата на загинатите, властите во Приштина порачаа дека ќе им ја пружат сета потребна помош на повредените и ќе им излезат во пресрет на нините семејства за…
Министерот за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во Србија се вакцинирани 48,49 отсто од граѓаните, што не е доволно и дека сите позитивни на коронавирус се вратените од летните одмори кои се претежно невакцинирани, јави дописникот на МИА од Белград. Лончар за ТВ Пинк предупреди дека од овој проблем нема да се излезе ако е бавна вакцинацијата, ако се дозволи вирусот да мутира и вакцините да не бидат доволно средство за негово сузбивање. Тој оцени дека не е доволно само во една земја да се вакцинираат доволен број луѓе, бидејќи „вирусот не познава граници“. Министерот за здравство изјави дека…
Обвинителството од Славоснки брод го заврши увидот на местото на тешката сообраќајна незгода во која животот го загубија 10 патници, а над 20 се повредени и се пренесени во локалната болница, пренесуваат хрватските медиуми. Возачот на автобусот бил приведен во полиција, каде признал дека „за миг задремал“. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството. Заменик државниот правобранител на општината Славко Прањиќ спроведе истрага на местото на несреќата. “Возачот на автобусот беше пронајден на местото на настанот, во меѓувреме беше уапсен. Спроведена е истрага, се преземаат други доказни активности за покренување кривична…
Германија денеска соопшти дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица, доколку бројот на заразени во земјата во следните месеци повторно достигне максимум. Шефот на кабинет на германската канцеларка, Хелге Браун, за „Билд ам Зонтаг“ изјави дека не очекува уште еден локдаун поради коронавирусот во Германија. Браун кажа дека на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат во ресторани, кина и стадиони, бидејќи ризикот е преголем. Тој додаде дека „вакцинираните сигурно ќе имаат поголема слобода од невакцинираните“. Ваквите мерки, како што оцени, би биле законски затоа што „државата има одговорност да го штити здравјето на своите…
Министерството за здравство ги објави населените места на кои утре, понеделник 26 јули 2021 година, ќе се одвива теренската вакцинација. Теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Палчиште, Новаке, Камењане, Синичани, Урвич, Јеловјане Гостивар – Равен, Здуње, Јеловце, Печково Берово – Будинарци Свети Николе – Дорфулија, Каратманово Струга – Мислешево, Мороишта Неготино – Тимјаник Пробиштип – Неокази Кочaни – Бели Кичево – Колибари, Трапчин Дол, Длапкин Дол Битола – Могила, Радобор, Д.Чарлија, Будаково, Трап Македонски Брод – Белица, Драговдол, Модриште Велес – Градско Теренската вакцинација без закажување започна од 12 јули годинава, во над сто населени…
Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички. Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници. „Автобусот бил полн со патници“, им изјави началникот на сообраќајната полициска станица „Славонски Брод“, Фрањо Галиќ, за новинарите, пренесе локланиот СБ онлајн. Во првичните полициски информации се говореше за несреќа на автобус со македонски регистерски ознаки и тројца мртви и десетина повредени, но потоа бројката на загинати патници се зголеми прво на осум, за подоцна полицијата да…
Шумски пожар беснее на околу 100 километри западно од Барселона уништувајќи досега 1.100 хектари шума и земјоделско земјиште, соопшти денеска каталонската Комисија за шумарство на Твитер, пренесе ДПА. Постои загриженост дека ветерот, што вообичаено во регионот почнува околу пладне, дополнително да го разгори пожарот, поради високите температури од околу 30 степени и силната суша. Од пожарот директно се загрозени 5.000 хектари шума и земјоделско земјшите. Ова е досега најголемиот шумски пожар годинава во густо пошумениот регион на Каталонија, пишува весникот „Ел периодико“. Пепелта веќе стигна до делови од Барселона, додава ДПА. Покрај локалните противпожарни единици и единиците за гаснење пожари,…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, министерството за надворешни работи започнува со промоција на проектот ‘Зелена дипломатија – новото нормално’, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата визија е да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина не само во зградата на министерството, туку и на дипломатската мрежа. Притоа, задржувајќи висок кредибилитет меѓу вработените и партнерите, следејќи го чекорот на светот кој се движи кон…
77 – годишен маж осуден на смрт за убиство на 12-годишно девојче и уште четири други жени починал од природна смрт во американската држава Калифорнија, соопштија американските медиуми. Родни Алкала починал во болница во близина на калифорнискиот државен затвор Коркоран во раните утрински часови во саботата. Алкала, кој беше познат како „Убиецот на играта со состаноците“ откако учествуваше во американско ТВ-шоу, беше осуден во 2010 година. Покрај убиствата во Калифорнија, тој исто така се изјаснил за виновен за убиствата на уште две жени во Њујорк. Алкала бил првиот затвореник кој добил смртна казна во Округот Оринџ во 1980 година за…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека кога ја презеле власта, одлучиле храбро да ги решаваат проблеми, место да владеат популистички. „Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички. Влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата, а со многу посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме и преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик“, напиша Спасовски. Опозицијата, како што наведе, најмалку може за тоа…